
Од утре стабилно време, во вторник можен локален дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Во северозападните делови ќе има услови за провејување на слаб снег. Ќе дува умерен, a долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 60 km/h). Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12 степени.
Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Променливо облачно, попладне со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северен правец. T=11°C. P=988hPa. U=65%. V=4m/s.
Од утре следува период на стабилно време, освен во вторник кога кон крајот на денот претежно во североисточните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Утрата ќе бидат постудени, а дневната температура ќе биде во пораст.
