Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Од денес започнува казнувањето за нефер трговски практики
Економија

Од денес започнува казнувањето за нефер трговски практики

01/01/2025

AA

Од денеска, односно од првиот ден на новата година, како што е претходно утврдено, омисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) почнува со спроведување во пракса на казнените одредби од Законот за забрана на нефер трговски практики.

Овој закон беше изгласан лани,, како одговор на инфлацијата и кризата со зголемувањето на цените во малопродажбата, но беше потребно подолго време од неговото стапување на сила за да се спроведе контролата.

Со него се регулираат односите меѓу производителите, добавувачите и трговците, а тоа се очекува да донесе постабилни и пониски цени на производите во продавниците. Со Законот се ограничуваат надоместоците (за складирање, реклама, маркетинг и персонал) и рабат најмногу до 10 отсто Во меѓувреме и самата Комисија за заштита од конкуренцијата го зголеми својот капацитет со пет нови членови.

– Оваа разлика директно влијаела на крајната цена на земјоделските и прехранбените производи, а ние се надеваме дека со доследно спроведување на Законот за одреден период ќе имаме стабилизација на цените на прехранбените производи и нивно постепено намалување, велат за МИА од Министерството за економија и труд.

Прекршочната постапка пред Комисијата се поведува по службена должност или по барање на физичко или правно лице, а глобите шо може да ги изрече КЗК се различни и зависат од видот на прекршокот и големината на прекршителот (микро, мал, среден и голем трговец) и варираат од 50 до 20.000 евра за потешките прекршоци согласно Законот доколку се утврди дека правното лице кое во својство купувач кон неговите добавувачи употребува значителна преговарачка моќ со наметнување нефер трговски практики.

Со Законот за нефер трговски практики во синџирот на снабдување се опфатени 2.548 земјоделски и прехранбени производи, а во мониторинг периодот утврдени се 26 нефер трговски практики.


TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пожар кај селото Копаница: Пожарникарите и ловците се борат со

27/08/2026
Македонија

„Сејф Сити“ почна да ги казнува и мотоциклистите: Системот автоматски

27/08/2026
Македонија

Струмичанец на плоштад ја истепал поранешната сопруга

27/08/2026
Македонија

Ова е конечната ранг-листа на примени ученици во Средното полициско

27/08/2026
Македонија

Скопјанец си ја пријавил мајка си во полиција: Им се

27/08/2026
Македонија

Првачињата во Зрновци ќе добијат по 5 илјади денари

27/08/2026
Македонија

Падна потпис за гасно поврзување со Србија – Македонија отвора

27/08/2026
Македонија

22 пожари низ Македонија, 9 се активни

27/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45297
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пожар кај селото Копаница: Пожарникарите и ловците се борат со огнот на тешко пристапен терен

27/08/2026

Голем пожар попладнево го зафати атарот на селото Копаница, каде што гори претежно сува трева, трње, грмушки и ниска вегетација.

„Сејф Сити“ почна да ги казнува и мотоциклистите: Системот автоматски регистрира сообраќајни прекршоци

27/08/2026

Системот „Сејф Сити“ од вчера започна автоматски да ги детектира прекршоците што ги прават мотоциклистите, информираше министерот за внатрешни работи

Струмичанец на плоштад ја истепал поранешната сопруга

27/08/2026

На 26.08.2026 во 15:45 часот во струмичко село, полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 42-годишен маж, постапувајќи по

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy