Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Од 4 август таблетарната онколошка терапија достапна и во аптеките – анастрозол и летрозол на товар на Фондот
Македонија

Од 4 август таблетарната онколошка терапија достапна и во аптеките – анастрозол и летрозол на товар на Фондот

30/07/2025

AA

Денес, во рамките на континуираните активности за унапредување на здравствените услуги, генералните директори на Фондот за здравствено осигурување, г. Сашо Клековски и г. Бранко Аџигогов, заедно со заменик-министерот за здравство, г. Јовица Андовски, остварија работна посета на ЈЗУ Општа болница Велес.

Во фокусот на посетата беа состојбите со здравствените услуги на регионално ниво, унапредувањето на соработката помеѓу болницата и Фондот, како и презентирањето на новите мерки за подобрување на достапноста до онколошката терапија за пациентите.

Од 4 август 2025 година, пациентите кои се лекуваат со таблетарна онколошка терапија – анастрозол и летрозол – ќе можат својата терапија да ја подигнуваат директно во аптеките, на товар на Фондот.

„Со оваа мерка, пристапот до терапијата значително се олеснува, а пациентите ќе имаат поедноставена процедура. Потребно е само да добијат извештај од својот онколог, да земат рецепт од матичен лекар и со тоа да ја подигнат терапијата во аптека. Партиципацијата ќе изнесува околу 50 денари“, истакнаа генералните директори.

Во текот на посетата, беше најавена и набавка на нова медицинска опрема за потребите на болницата.

„Велешка Општа болница ќе набавува медицинска опрема за Интерно, за Очно, Детско и за Одделението за неврологија и психијатрија. Набавката е обезбедена од вкупно издвоените 40 милиони денари фондовски средства, од кои поголемиот дел се за подмирување на долгот на установата, а дел за плати на нововработените и за нова опрема,“ нагласи генералниот директор Сашо Клековски.

„Ќе се набавува медицинска опрема за повеќе одделенија. Ќе ја потенцирам најзначајната – за Одделението за офталмологија, каде веќе е набавен вакум апарат, а сега ќе се набави и микроскоп, со што ќе се комплетира опремата за редовна работа. Тоа значи дека во Велес ќе можат да се изведуваат и хируршки зафати на очи“, додаде Клековски.

Работната посета на Велешката болница е дел од пошироките активности на Фондот за приближување на здравствените услуги до граѓаните и воспоставување одржлив модел на лекување кој ги става пациентите во центарот на вниманието.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy