Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Од 12 мај сезонски авионски лет Скопје-Сплит
Македонија

Од 12 мај сезонски авионски лет Скопје-Сплит

28/04/2023

AA

Од 12 мај до средината на октомври ќе бидат воведени сезонски авионски летови од Скопје до Сплит, со кои хрватскиот национален авиопревозник „Кроација Ерлајнс“ директно ќе го поврзува македонскиот главен град со хрватското крајбрежје во текот на туристичката сезона.

Како што беше најавено на презентацијата на новата сезонска авионска линија, „Кроација Ерлајнс“ ќе лета два пати неделно меѓу Скопје и Сплит. Полетувањето од Меѓународниот аеродром „Скопје“ ќе биде секоја среда и сабота во 05:45 часот наутро, а пристигнувањето на аеродромот во Сплит во 07:10 часот. Летовите од сплитскиот аеродром до Меѓународниот аеродром „Скопје“ ќе сообраќаат секој вторник (заминување во 22:00 часот, а ќе пристигнуваат на скопскиот аеродром во 23:05 часот) и секој петок (заминување од Сплит во 21:35 часот, а ќе пристигнуваат на скопскиот аеродром во 23:00 часот).

Летовите ќе бидат со авион Ербас 319 со капацитет од 144 седишта.

Повратните авиобилети за линијата Скопје – Сплит може да се купат по цени почнувајќи од 119 евра, онлајн, преку веб страницата на „Кроација Ерлајнс“ (www.croatiaairlines.com) или преку мобилната апликација.

Во првиот квартал од годинава на двата аеродрома во земјава превезени се речиси 500.000 патници на двата македонски аеродрома, што е зголемување за 41 проценти во однос на истиот период  лани. Во исто време, бројот на летови на двата аеродрома изнесува 4.169, со годишен пораст од 39 проценти.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Три нови случаи на западнонилска треска, прв регистриран во Арачиново

15/08/2026
Македонија

Земјотрес попладнево во Македонија

15/08/2026
Македонија

Повикал Итна помош за мајка му, па им се заканувал

15/08/2026
Македонија

Скопјанка измамена за околу 200.000 денари со понуда за каско

15/08/2026
Македонија

Земал 200 евра за наводно лекување на ќерка му, па

15/08/2026
Македонија

Четворица приведени во Шуто Оризари: Насилно ѝ дале марихуана на

15/08/2026
Македонија

Во понеделник почесна стрелба за Денот на Армијата

15/08/2026
Македонија

Ренџерите на Пелистер и СВР Битола лоцираа и приведоа вооружени

15/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45036
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Три нови случаи на западнонилска треска, прв регистриран во Арачиново

15/08/2026

Потврдени се три нови случаи на западнонилска треска, со што вкупниот број се искачи на 34, соопштија од Центарот за

Земјотрес попладнево во Македонија

15/08/2026

Земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала попладнево е регистриран во западниот дел на Македонија, во поширокиот регион

Повикал Итна помош за мајка му, па им се заканувал на медицинарите

15/08/2026

Педесет и петгодишен жител на селото Уларци, општина Чешиново-Облешево, е пријавен во полиција откако, според пријавеното, злоупотребил повик до Итната

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy