Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ОЧЕКУВАМЕ ПОСТАБИЛЕН ЕКОНОМСКИ АМБИЕНТ ВО 2025 ГОДИНА: гувернерката  Ангеловска-Бежоска, еве што најави за монетарната политика
Економија

ОЧЕКУВАМЕ ПОСТАБИЛЕН ЕКОНОМСКИ АМБИЕНТ ВО 2025 ГОДИНА: гувернерката Ангеловска-Бежоска, еве што најави за монетарната политика

30/12/2024

AA

Економски подобра година очекува гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска за следанта 2025 година. Според неа инфлацијата ќе продолжи да се стабилизира, а растот би забрзал.

– Во годината што следува, нема дилема дека одржувањето на макроекономската стабилност ќе биде и понатаму нашиот приоритет, бидејќи таа е клучен предуслов за повисок економски раст. Исто така, Народната банка ќе биде посветена и на поддршката на структурната трансформација на нашата економија. Зелената транзиција и дигитализацијата не се само модерни приоритети, туку се стратегиски насоки коишто го отвораат патот кон одржлив раст, нови работни места и подобра конкурентност. Народната банка и натаму активно ќе го поддржува зеленото финансирање, со што ја поттикнува еколошката одговорност во економските активности. Воедно, со поддршката на финтек-секторот и дигиталните иновации, создаваме нови можности за модернизација на финансиските услуги, подобра достапност за граѓаните и поттик за раст на претприемаштвото – истакнува Ангеловска-Бежоска.

Во новогодишната белешка, гувернерката се осврнува и на годината која изминува и потсетува на предизвиците и резултатите во неа. 

– Во 2024 година, успешно ја задржавме макроекономската стабилност, вклучително и стабилноста на денарот, со раст на девизните резерви до ниво кое е четириесетина проценти над нивото пред пандемијата. Одржувањето на стабилниот курс на домашната валута во времиња исполнети со предизвици е јасен показател за капацитетите на нашата централна банка и наш влог во кредибилитетот на политиките коишто ги водиме. Резултатите од монетарната политика во 2024 година се согледуваат и преку натамошната стабилизација на инфлацијата, којашто по просечната стапка од 9,4% во 2023 година, во првите десет месеци од оваа година е сведена на 3,4% и очекуваме натамошно постепено забавување и следната година. Доколку се задржат овие поволни трендови кај инфлацијата и на девизниот пазар, без да има остварување на поголеми ризици, може и догодина да се очекува натамошно постепено и претпазливо олабавување на каматната политика од страна на Народната банка – вели Ангеловска-Бежоска.

Посочува дека благодарение на внимателното водење на монетарната политика и напоредното носење макропрудентни мерки од страна на централната банка, покрај намалувањето на инфлацијата, зајакната е и финансиската стабилност.

– И во кризниот период, банкарскиот сектор беше столбот на стабилноста на која се потпираа економијата и бизнисот, додека неговата отпорност беше дополнително зајакната преку мерките коишто ги носеше Народната банка. Притоа, стапката на адекватност на капиталот достигна 19 отсто, што е највисоко ниво во последните седумнаесет години, додека учеството на нефункционалните кредити во вкупните е на историски ниски 3%. Растот на депозитите од граѓаните и фирмите забрза и овозможи задржување на кредитниот раст, притоа особено е важно што денарските и долгорочните депозити остварија двоцифрен раст, што јасно говори за довербата во банкарскиот систем и во домашната валута, наведува гувернерката на НБ.

За одбележување во годината којашто изминува, како што подвлекува, е и поднесувањето на формалното барање за пристапување на земјава во Единствената област за плаќања во евра (СЕПА) од страна на Народната банка, што е историски чекор за влез во европските платежни системи и приближувањето до Европската Унија. Придобивките за граѓаните и економијата од членството во СЕПА се многукратни и накусо опфаќаат побрзи, поефикасни и поевтини прекугранични плаќања. 

– Зад нас оставаме година во која научивме важни лекции и направивме значајни чекори напред. Пред нас е нова година којашто нуди нови можности. Преку сигурни економски политики ќе ги искористиме можностите, а притоа внимателно ќе управуваме со ризиците коишто и натаму ќе постојат. Заеднички, со соодветни макроекономски и структурни политики, можеме да изградиме економија што е стабилна, инклузивна и што е подготвена да се соочи со предизвиците на утрешниот ден. На сите граѓани им посакувам среќа, здравје и успех во Новата 2025 година! Народната банка е сигурен партнер во создавањето подобра иднина за сите нас, наведува во новогодишната порака гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

АЛАРМАНТЕН ПОРАСТ: Регистрирани 26 случаи на Западно-нилска треска – ова

13/08/2026
Македонија

Пожарот над селото Габер се шири кон Вражале

13/08/2026
Македонија

Депонијата „Краста“ во Куманово и понатаму чади: Се бара помош

13/08/2026
Македонија

Алсат: Пронајден е мртов оперативниот директор Лирим Хајредини, погребот ќе

13/08/2026
Македонија

На 24-ти август започнува судењето за Груби и други 7

13/08/2026
Македонија

Сите генерални секретари на Влада во последните 15 години завршија

13/08/2026
Македонија

Започнуваат уписите на УКИМ: Слободни над 8.800 места за бруцоши

13/08/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова за помилувањето на Шефије Јакупи: 35 години била жртва

13/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45003
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

АЛАРМАНТЕН ПОРАСТ: Регистрирани 26 случаи на Западно-нилска треска – ова се препораките

13/08/2026

Драматичен пораст на случаите на Западно-нилска треска (WNV) е регистриран во Македонија од почетокот на годината до 11 август 2026.

Пожарот над селото Габер се шири кон Вражале

13/08/2026

Во шумата над селото Габер пожарот е проширен, но ситуацијата кон населените места во селото Габер е под контрола и

Депонијата „Краста“ во Куманово и понатаму чади: Се бара помош од државата

13/08/2026

И покрај напорите за санирање на вчерашниот пожар, депонијата „Краста“ во Куманово сè уште не е целосно изгасната и продолжува

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy