Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Обвинителството: Немаме можност за незаконско следење, отворен е предмет по наводите од АНБ
Македонија

Обвинителството: Немаме можност за незаконско следење, отворен е предмет по наводите од АНБ

02/09/2025

AA

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија денеска категорично демантираше дека има каква било можност за незаконско следење на комуникациите, појаснувајќи ја својата улога во процесот. Истовремено, од Обвинителството потврдија дека е отворен предмет во кој детално ќе се истражат последните наводи од Агенцијата за национална безбедност (АНБ).

Во реакцијата испратена до медиумите, од Обвинителството наведуваат дека тие единствено ги проследуваат законски заснованите барања од АНБ за превентивни разузнавачки мерки до Врховниот суд.

„Врховниот суд потоа издава соодветна наредба за реализација на мерките. Согласно законот за следење на комуникациите, наредба за посебни истражни мерки може да се издаде само за кривични дела строго предвидени во самиот закон“, се вели во соопштението.

Од таму информираат дека по претходните наводи за следење на премиерот, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) веќе оформило предмет.

„По насоки на Јавниот обвинител на РСМ, Љупчо Коцевски, ОЈО ГОКК оформи предмет во кој се преземаат дејствија на проверки. Воедно, и наводите во последните известувања од АНБ детално ќе бидат испитани“, соопштија од Јавното обвинителство.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy