Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ОБЕСПРАВЕНИ ВО ПЛАЌАЊЕТО: За 12 евра е поскапа за нас електричната енергија што ја увезуваме
Економија

ОБЕСПРАВЕНИ ВО ПЛАЌАЊЕТО: За 12 евра е поскапа за нас електричната енергија што ја увезуваме

10/06/2025

AA

Минатата година во просек за 12 евра од мегаватчас сме ја плаќале поскапо увозната струја отколку што нејзината цена изнесувала, односно се продавала на референтната регионална европска берза. Ова е најголема разлика што сме ја претрпеле досега, а тоа најмногу удира по бизнисот, но и на трошоците на ЕСМ кој освен што произведува, истовремено купува увозна струја на отворениот пазар. Според официјалните пресметки, сме плаќале за околу 12 отсто повеќе за увозната електрична енергија од многу побогати земји и тоа е најголем ценовен јаз досега.

Според објавениот извештај на Регулаторната комисија за енергетика, ако на унгарската референтна берза HUPX минатата година просечната цена била 100 евра по мегаватчас, ние увозната струја сме ја плаќале во просек за 112 евра по мегаватчас. Ова е уште поголема разлика евидентирана во 2024, затоа што само една година претходно таа разликата била 6,5 евра. 

Преку целата мината година работеше и берзата ден-однапред на операторот на пазарот на електрична енергија МЕМО, каде просечната цена била само 2 евра поскапа од европската. Сепак, станува збор за сосема друг и организиран пазар.

– Од друга страна, споредбата на просечната увозна цена со просечната цена за
врвна енергија ден-однапред, остварена на HUPX, укажува на тоа дека во 2024 година
просечната увозна цена е за 11,28 отсто повисока од цената на берзата HUPX, во 2023 година
повисока за 5,74 проценти, додека во 2022 година увозните цени биле за 13,84 отсто пониски, во
однос на цените на HUPX за врвна енергија ден-однапред, објави регулаторот во својот извештај.

Унгарската берза за електрична енергија Хупекс (HUPX), се смета за референтна берза за споредба на движењата на пазарот на електрична енергија на големо во земјава. Експерти по енергетика велат дека „HUPX“ се зема како основа затоа што ни е најблиската регионална берза. Можеби, на пример, цените на струјата на германската берза се поевтини, но увозот оттаму би бил поскап затоа што струјата треба да „помине“ низ неколку држави и да се платат прекугранични давачки.

За состојбата, претседателот на РКЕ Марко Бислимовски и министерката за енергетика Сања Божиновска минатата година испратија заедничко писмо до Европската енергетска заедница со барање специјални тимови да ја утврдат причината за ваквиот скок. Од ЕЕЗ го известиле регулаторот  дека го добиле дописот и дека ќе почнат со проверките. Последно што беше аргументирано е дека една од причините за ова што се случува  може да се прекуграничните капацитети.

– Во септември цената во Франција е 68 евра за мегават час, во Белгија е 76 евра а да речеме во Словенија е 121 евро, додека на ХУПЕКС е 138 евра, значи ние имаме ситуација  кога имаме за два пати повисоки цени во нашиот  регион. И не е коректно овој регион секогаш да има на некој начин да биде спотер и да има вакви високи цени. Бараме тоа да се провери. Една можеби од причините се прекуграничните капацитети што го имаат две земји на својата граница и тоа еден пример како со автомобилите ако капацитетот е мал настануваат загушувања кога се повеќе од дозволениот капацитет се плаќа и очигледно се виски тие цени кои се плаќаат за овие загушувања, рече тогаш Бислимовски.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Намален бројот на новороденчиња во Македонија: Во второто тримесечје родени

27/08/2026
Македонија

Шестмесечно бебе донесено починато во поликлиниката во Драчево

27/08/2026
Македонија

Мицкоски: Намалувањето на цените важи за целиот училишен прибор

27/08/2026
Македонија

Започнаа контролите за цените на училишниот прибор – глоби до

27/08/2026
Македонија

Нови пожари горат низ Македонија, Ангелов: Опасноста од ширење е

27/08/2026
Македонија

Македонски производи на полиците на Lidl низ Европа

27/08/2026
Македонија

Мртвиот гавран најден во Ресен е заразен со западнонилски вирус,

27/08/2026
Македонија

Маж од Аеродром е шестата жртва од западнонилска треска во

27/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45286
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Намален бројот на новороденчиња во Македонија: Во второто тримесечје родени 3.684 деца

27/08/2026

Македонија и натаму се соочува со неповолни демографски движења, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Во второто тримесечје

Шестмесечно бебе донесено починато во поликлиниката во Драчево

27/08/2026

Трагичен случај го потресе скопскиот регион откако шестмесечно бебе било донесено без знаци на живот во Поликлиниката во Драчево. Случајот

Мицкоски: Намалувањето на цените важи за целиот училишен прибор

27/08/2026

Родителите ќе можат да очекуваат пониски цени за набавката на училишниот прибор пред почетокот на новата учебна година. Владината мерка

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy