Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Објавена агендата за средбата Курти – Вучиќ во Охрид
Македонија

Објавена агендата за средбата Курти – Вучиќ во Охрид

15/03/2023

AA

Премиерот на Република Косово, Албин Курти в сабота во Охрид ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ, во рамки на дијалогот Косово – Србија посредуван од Европската Унија. Курти и Вучиќ веќе го потврдиле нивното учество на оваа средба, јавува косовската Радио-телевизија.

Косовската телевизија информира дека според добиеното официјално известување од делегацијата на ЕУ во Приштина, високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Жосеп Борел и специјален претставник на Унијата за дијалогот Белград – Приштина и други прашања за Западен Балкан, Мирослав Лајчак најпрво ќе остварат одвоени средби со Курти и Вучиќ, па потоа и заедничка средба со нив. Се очекува тие да разговараат и да го потпишат спроведувањето на европскиот план за нормализирање на односите помеѓу двете земји.

Според најавите од делегацијата на ЕУ во Приштина се очекува првата средба да почне во 10 часот. Од делегацијата на ЕУ во Приштина наведуваат дека по завршувањето на сите состаноци, предвидена е изјава на Борел за медиумите.

Домаќин на средбата во Охрид, која беше најавена на 27 февруари, ќе биде премиерот Димитар Ковачевски. На прашањето на МИА минатиот месец дали премиерот Ковачевски би прифатил да биде домаќин на оваа средба од Владата одговорија потврдно и посочија дека европскиот предлог за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина е исклучително важен за иднината и стабилноста на регионот, а Северна Македонија уште еднаш докажува дека фактор на стабилност, односно земја членка на НАТО, која ги отпочна преговорите со ЕУ и како земја која претседава со ОБСЕ, најголемата безбедносна организација во Европа.

Средбата меѓу српскиот претседател Вучиќ и косовскиот премиер Курти со претставници на ЕУ во Брисел кон крајот на минатиот месец заврши без договор, но европскиот комесар за надворешни работи Борел тогаш изјави дека Вучиќ и Курти се согласиле дека не се потребни дополнителни разговори за европскиот предлог и дека тоа е рамка за нормализирање на односите меѓу двете страни. Борел истакна дека разговорите биле интензивни и дека и Вучиќ и Курти покажале одговорност.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Гаши по денешните пратенички прашања: Злоупотребата на процедуралните забелешки мора

30/07/2026
Македонија

Г.Г. Стефан со Илинденско послание

30/07/2026
Македонија

Потврден новиот состав на Извршниот комитет на Унијата на жени

30/07/2026
Македонија

МЗ наложи дополнителна терестичка дезинсекција против комарци во населба Драчево

30/07/2026
Македонија

Вечерва прскање против комарци во Кисела Вода

30/07/2026
Македонија

Локализиран пожарот кај Лешница, интервенираа два ер трактори

30/07/2026
Македонија

ФОТО Граѓаните веќе тргнаа на продолжен викенд за Илинден

30/07/2026
Македонија

Домаќинствата можат да добијат до 30.000 денари субвенции за приклучок

30/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44768
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Гаши по денешните пратенички прашања: Злоупотребата на процедуралните забелешки мора да сопре!

30/07/2026

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, во своето гостување на МРТ се осврна на динамиката и процедуралните опструкции за време на

Г.Г. Стефан со Илинденско послание

30/07/2026

По повод претстојните илинденски празнувања, поглаварот на Македонската православна црква, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, заедно со Светиот архиерејски

Потврден новиот состав на Извршниот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ

30/07/2026

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ го потврди новиот состав на својот Извршен комитет, соопшти претседателката на Унијата, Марија Митева, оценувајќи

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy