Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ОЈО Скопје поднесе жалба на пресудата за автобуската несреќа на „Дурмо турс”
Магазин

ОЈО Скопје поднесе жалба на пресудата за автобуската несреќа на „Дурмо турс”

24/08/2024

AA

Предметниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Апелацискиот суд Скопје изјави жалба против пресудата К.бр.1407/19 на Основниот кривичен суд Скопје во предметот за автобуската несреќа кај Ласкарци, соопшти денеска Јавното обвинтелство.

Јавниот обвинител предлага Апелацискиот суд во Скопје да ја преиначи првостепената пресудата и на обвинетите Д.Б., Р.М., И.Ѓ. и Г.Д да им изрече повисоки казни затвор и подолго времетраење на казните забрана за вршење професија, дејност или должност.

Според јавниот обвинител, во овој случај, како што стои во соопштението, првостепениот суд донесе извонредно значајна пресуда битна за нашиот казнено-правен систем и покажа дека никој не може да ја дерогира и супституира судската улога во процесот на одлучувањето.

-Преку критичка оценка на доказите, поединечно и во нивното содејство, првостепениот суд не дозволи судската пресуда да зависи само од осамено и на ништо непоткрепено мислење на вештаци вклучени во супервештачењето, кои не успеаја да изградат јасен став за клучни прашања, а ја пролонгираа главната расправа повеќе од една година, наведува јавниот обвинител Дарко Јакимовски, истакнувајќи ги доказите врз основа на кои Судот правилно и целосно ја утврдил фактичката состојба и го применил Кривичниот законик кога нашол дека во дејствијата на сите обвинети се содржани сите битни елементи на кривичните дела за кои се огласени за виновни.

Меѓутоа, објаснуваат од ЈО, жалбата е поднесена поради одлуката за висината на кривичните санкции изречени за четворица од обвинетите.

-Основниот кривичен суд Скопје, како првостепен кривичен суд, со пресудата од 26.12.2023 година, обвинетиот Д.Б. го огласи виновен за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл. 300 ст.2 вв со чл.297 ст.2 од КЗ и го осуди на казна затвор во траење од 4 години, во која казна му е засметано и времето поминато во притвор и куќен притвор. Обвинетиот Р.М. судот го огласи виновен за истото кривично дело и го осуди на казна затвор во траење од 6 години, во кои му е засметано и времето поминато во притвор и куќен притвор. Обвинетите И.Ѓ., Г.Д. и Ј.Б. виновни за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл. 300 ст.2 вв со чл.299 ст.1 вв со чл.22 од Кривичниот законик беа осудени на затворски казни во траење по пет години, во кои е засметано времето поминато во притвор и куќен притвор. Возачот М.Т., за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл. 300 ст.2 вв со чл.297 ст.1 од КЗ, беше осуден на казна затвор во траење од 14 години, во кои се засметува времето поминато во притвор и куќен притвор, посочува Обвинителството.

Според јавниот обвинител, стои во информацијата, во однос на обвинетите Д.Б., Р.М., И.Ѓ. и Г.Д., Судот погрешно ги ценел олеснувачките и отежнувачките околности, како и индивидуалната одговорност на обвинетите за случувањето на тешката сообраќајна несреќа, во која загинаа 16 лица, а уште 38 беа повредени.

-Животите на патниците кои се превезувале не само во предметниот автобус, туку и во другите автобуси и останатите учесници во јавниот сообраќај биле директно загрозени од начинот на кој обвинетите ги извршувале своите законски обврски, истакнува јавниот обвинител во жалбата.

Тој потсетува дека во континуитет предметниот автобус бил прогласуван за технички исправен иако воопшто не бил прегледуван, а 16 дена по последниот наводно извршен технички преглед, превозникот „Дурмо турс” вршел јавен превоз на патници со тој автобус без да биде сообраќајно регистриран. Манипулација со брзината на движење и „штелување” на тахометрите, за да не се плаќаат казни не само на предметниот автобус, туку и на други автобуси, било исто така прифатено како правило.

-Имајќи го предвид степенот на кривична одговорност и придонесот кој го имал секој од обвинетите во настапување на тешките последици, јавниот обвинител ја обжали пресудата, соопштува Обвинителството.

Како што дополнува, за возачот М.Т. според надлежниот обвинител соодветна е високата затворска казна со оглед на неговата одговорност, но и непокажаното жалење за тешките последици во текот на судскиот процес. За обвинетиот Ј.Б. чиј придонес за несреќата бил најмал, јавниот обвинител оцени дека е доволна определената затворска казна. За останатите четворица, не е извршено санкционирање сразмерно со тежината на делото, јачината на загрозувањето на заштитните добра, како и степенот на кривична одговорност кај обвинетите чии пропусти доведоа до најтешките човечки загуби во патниот сообраќај на територијата на нашата држава. Од тие причини, за овие обвинети, јавниот обвинител предлага Апелациониот суд во Скопје да ја преиначи првостепената пресудата и на обвинетите Д.Б., Р.М., И.Ѓ. и Г.Д да им изрече повисоки казни затвор и подолго времетраење на казните забрана за вршење професија, дејност или должност, се наведува во соопштението.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Politics

Брвеница: Разликата меѓу македонските и албанските гласови е само 3

18/10/2026
Македонија

БЕЗ ПРОБЛЕМИ ПОМИНАА ВОНРЕДНИТЕ ИЗБОРИ ВО БРВЕНИЦА Полицијата информира за

18/10/2026
Македонија

СДСМ Е ДЕКЛАСИРАН ОД ГРАЃАНИТЕ, ПОДДРШКАТА ЗА ВМРО-ДПМНЕ И ЗА

18/10/2026
Македонија

НАЈМНОГУ ГЛАСОВИ ВО БРВЕНИЦА ОСВОИ РАДИЧЕВСКИ ОД ВМРО-ДПМНЕ Маричиќ ги

18/10/2026
Македонија

ПРЕД НАС СЕ ПРИЈАТНИ ЕСЕНСКИ ДЕНОВИ Сончево време, со мала

18/10/2026
Македонија

Официјални резултати на ДИК: Колкава е разликата меѓу кандидатите во

18/10/2026
Македонија

ЌЕ ИМА ВТОР КРУГ НА ИЗБОРИТЕ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК ВО БРВЕНИЦА

18/10/2026
Македонија

ОДЗИВОТ ВО БРВЕНИЦА 44,57 ОТСТО, ГЛАСАЛЕ 7.241 ИЗБРИРАЧИ Мирен изборен

18/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46243
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Брвеница: Разликата меѓу македонските и албанските гласови е само 3 гласа – кој би победил?

18/10/2026

БРВЕНИЦА – Резултатите од предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница отвораат интересно прашање: како би изгледал резултатот доколку гласовите

БЕЗ ПРОБЛЕМИ ПОМИНАА ВОНРЕДНИТЕ ИЗБОРИ ВО БРВЕНИЦА Полицијата информира за гласање во најдобар ред

18/10/2026

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изборниот процес во општина Брвеница денеска заврши во најдобар ред, без нарушување

СДСМ Е ДЕКЛАСИРАН ОД ГРАЃАНИТЕ, ПОДДРШКАТА ЗА ВМРО-ДПМНЕ И ЗА ВЛАДАТА Е ПОТВРДЕНА Победата е

18/10/2026

ВМРО-ДПМНЕ е убедливо прва и има огромна победа во првиот круг на изборите за градоначалник во општина Брвеница, а СДСМ

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy