Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ОЈО: Мерката куќен притвор на Артан Груби е законска и оправдана
Македонија

ОЈО: Мерката куќен притвор на Артан Груби е законска и оправдана

24/02/2026

AA

Јавното обвинителство како единствен и самостоен орган, при одлучувањето и предлагањето на мерките за обезбедување во сите случаи се води исклучиво од законските основи.

Во однос на реакциите на јавноста во врска определената мерка за обезбедување – куќен притвор за еден од осомничените во предметот „Државна лотарија“, обвинителството нагласува дека, согласно Законот за кривична постапка, мерката куќен притвор, особено кога се реализира со 24-часовен надзор, е исто така притворска мерка, која не се издржува во затворски услови само затоа што постојат специфични услови за тоа.

Таквите услови во конкретниот случај беа исполнети, бидејќи по проценка на надлежните органи – МВР и АНБ постојат сериозни информации дека во притворското одделение не може да се гарантира личната безбедност на овој осомничен. Деталите во однос на ваквите загрозувања беа презентирани пред судијата на претходна постапка.

За обвинителството од исклучителна важност е што овој осомничен е обезбеден и за него продолжува кривичниот прогон за сомненијата за сторено кривично дело – Проневера во службата од член 354 од Кривичниот законик. За него беше спроведена финансиска истрага и се обезбедени најголемиот дел од потребните докази, во кои одбраната веќе врши увид.

Надлежните јавни обвинители во предметот постапуваат одговорно и во согласност со законските надлежности. Јавното обвинителство го разбира интересот на јавноста за овој предмет, но апелира за воздржаност на коментарите во однос на легитимно донесените јавнообвинителски одлуки за да се овозможи ефикасна и правична постапка.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЗА ОКОЛУ 200 ЕВРА ЌЕ ИМ СЕ НАМАЛАТ ПЛАТИТЕ НА

24/02/2026
Македонија

ФОТО Затворен патот кон Теферич поради оштетување

24/02/2026
Македонија

Димитријевиќ: Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè

24/02/2026
Македонија

Во Струга е приведен неготинец осуден на 4,5 години казна

24/02/2026
Македонија

Хуманоста покажана повторно на дело: Хотел „Фламинго“ Казино ја реализираше

24/02/2026
Македонија

ЈАВНОСТА БУРНО РЕАГИРА ЗА КУЌНИОТ ПРИТВОР НА ГРУБИ, ОЈО ОДГОВАРА

24/02/2026
Македонија

Во Струга приведен осуденик по судска наредба – ќе доиздржува

24/02/2026
Македонија

Починат маж пронајден во куќа во Охрид – телото предадено

24/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41853
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЗА ОКОЛУ 200 ЕВРА ЌЕ ИМ СЕ НАМАЛАТ ПЛАТИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИТЕ Измените ќе важат од

24/02/2026

Група пратеници во Собранието поднесе предлог-измени на шест закони со кои се регулира прашањето на платите на избраните и на

ФОТО Затворен патот кон Теферич поради оштетување

24/02/2026

Патниот правец кон Теферич е затворен за сообраќај, информираат од Општина Кисела Вода. Како што објави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска,

Димитријевиќ: Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, Обвинителството и судството

24/02/2026

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Димитријевиќ, на денешната прес-конференција обвини дека правната држава е „целосно погребана“ по одлуката за одредување

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy