Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ОЈО бара одземање на пасошот за Пеце Мирчевски, си присвојувал материјална корист за себе и за сопругата!
Македонија

ОЈО бара одземање на пасошот за Пеце Мирчевски, си присвојувал материјална корист за себе и за сопругата!

06/02/2025

AA

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица – едно осомничено за продолжени кривични дела – Примање поткуп од член 357 став 1 и Проневера во службата од член 354 став 3 во врска со став 1, додека другото е осомничено за продолжено Давање поткуп од член 358 став од Кривичниот законик.

Првоосомничениот, во периодот од 09.06.2021 година до 13.06.2024 година, во својство на службено лице – директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Северна Македонија, во повеќе наврати искористувајќи исти прилики, примил друга корист за себе и за својата сопруга за да изврши службено дејствие што не би смеело да го изврши.

Тој не го пријавил постоењето на судир на интереси, односно потпишувал изјави за непостоење на судир на интерес и не се изземал во постапките за вкупно 5 јавни набавки на кои била избрана фирмата сопственост на второпријавениот, иако во текот на целиот тој период остварувал директна материјална корист за себе и за својата сопруга. Така тој за лични потреби и цели без надомест користел патничко моторно возило “Фолксваген пасат” сопственост на фирмата, а неговата сопруга дополнително користела услуги за превоз со возила и возачи.

Осомничениот и откако бил разрешен од функцијата директор на Службата за општи и заенички работи на Владата на Република Северна Македонија, од фирмата сопственост на второпријавениот продолжил да остварува директна материјална корист за себе и за својата сопруга, па за лични потреби и цели, без надомест, продолжил да го користи патничкото моторно возило “Фолксваген пасат”, како и уште едно возило марка “Ауди Q8”, за што му е поведена скратена постапка и согласно ставот 3 на кривичното дело – Примање поткуп.

Второосомничениот, во својство на сопственик и управител на правното лице, во повеќе наврати во период од три години,  на службеното лице му давал друга корист за него и за друг за да изврши службено дејствие што не би смеело да го изврши, односно да не се изземе од постапките и да ги потпише договорите за јавни набавки.

Во периодот од 01.01.2022 до 13.06.2024 година, во повеќе наврати, со намера да прибави за себе или за друг противправна имотна корист, осомничениот директор присвоил и пари во значителен износ од 1.792.859 денари. Имено, тој потпишувал барања за резервација на хотелско сместување, барања за резервација на авио билети, решенија за упатување на службен пат во странство и налози за службен пат во странство, во кои прикажувал невистинити податоци дека се работи за службени патувања и за службени потреби и цели и со тоа овозможил за себе и за други лица вработени во Службата да се стекнат со имотна корист и го оштетил Буџетот на Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Северна Македонија за наведениот износ, со што е осомничен дека извршил проневера во службата.

Исто така, за првиот осомничен, поведена е скратена постапка и за кривично дело – Несовесно работење во службата од член 353-в став 3 во врска со ставовите 2 и 1 од Кривичниот законик. Во периодот од 27.10.2023 заклучно со 14.06.2024 година, во својство на директор и одговорен менаџер на Авио службата при Службата за општи и заеднички работи, тој несовесно постапил во вршењето на своите овластувања и должности и со тоа нанел штета на Буџетот на Република Северна Македонија во износ од 3.444.615 денари. Иако знаел  дека пилотот вработен во Службата за општи и заедничи работи не ги исполнува условите за капетан – водач на воздухоплов, му овозможил на лицето да му биде исплаќан месечен надоместок по основ на плата за тоа работно место.

Поради опасност од бегство и можност за влијание врз сведоците во постапката, пред се вработени во Службата за општи и заеднички работи кои допрва треба да бидат испитани, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за првиот осомничен.

За второосомничениот обвинителството предлага мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето; обврска да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган и привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државна граница или забрана за нејзино издавање, како и забрана да остварува каков било контакт со другиот обвинет во текот на постапката.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Струмичанец на плоштад ја истепал поранешната сопруга

27/08/2026
Македонија

Ова е конечната ранг-листа на примени ученици во Средното полициско

27/08/2026
Македонија

Скопјанец си ја пријавил мајка си во полиција: Им се

27/08/2026
Македонија

Првачињата во Зрновци ќе добијат по 5 илјади денари

27/08/2026
Македонија

Падна потпис за гасно поврзување со Србија – Македонија отвора

27/08/2026
Македонија

22 пожари низ Македонија, 9 се активни

27/08/2026
Македонија

Спор меѓу телевизиите и АВМУ: Дали спортските канали „Арена“ илегално

27/08/2026
Македонија

Пронајдена почината 65-годишна скопјанка, телото предадено на обдукција

27/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45295
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Струмичанец на плоштад ја истепал поранешната сопруга

27/08/2026

На 26.08.2026 во 15:45 часот во струмичко село, полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 42-годишен маж, постапувајќи по

Ова е конечната ранг-листа на примени ученици во Средното полициско училиште „7-ми Мај“

27/08/2026

Ги известуваме учениците кои се примени согласно објавената ранг листа на примени ученици во Средното полициско училиште „7-ми Мај“, дека

Скопјанец си ја пријавил мајка си во полиција: Им се заканувала на цело семејство

27/08/2026

На 26.08.2026 во 11:00 часот во СВР Скопје, 37-годишен маж од скопско, пријави дека во семејниот дом во скопско, нему

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy