Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ново судско рочиште за убиството на Вања и Панче, прво откако сведокот Гоце Трајковски минатата недела сам се пријави во полиција
Магазин

Ново судско рочиште за убиството на Вања и Панче, прво откако сведокот Гоце Трајковски минатата недела сам се пријави во полиција

27/01/2025

AA

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, каде првообвинет е Љупчо Палевски – Палчо, заедно со Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и треба да продолжи со изведување на докази предложени од Обвинителството. 

Сведокот Гоце Трајковски, кој заедно со таткото на убиеното девојче Вања, Александар Ѓорчевски, според досегашните искази на другите сведоци, прибирал и гледале видео снимки од околните објекти, кој беше недостапен на органите на прогон за друго кривично дело и не можеше да биде сослушан на претходните рочишта, минатата недела сам се пријавил во полициска станица. 

Трајковски, кој е предложен како сведок во овој случај, а осомничен за друго тешко кривично дело – подметнување пожар, на 23 јануари 2025 сам се пријавил во полициска станица и се очекува денеска да биде сослушан.

На минатото рочиште беа изведувани видео записи од безбедносни камери. Обвинителство презентираше видео записи од системот Сејф сити, за кои рече дека се обезбедени со пребарување по регистарски таблички на возилата Цитроен и Рено Кангу за нивното движење низ Скопје на критичниот ден на 27 ноември 2023 година и неколку дена пред да биде грабнато девејчето. 

Судењето го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е обвинителката Жаклина Крстевска. 

Првообвинетиот Палевски Палчо, на минатото рочиште најави дека ќе бара изземање на обвинителството. 

– Барам да си ја уреди листата на докази оваа супер обвинителска екипа што ме обвинува. Сакам да најавам дека на следното рочиште ќе барам изземање на целото обвинителство, за што ќе приложам докази, изјави Палевски.

На првото одржано рочиште обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски се произнесоа дека не се чувствуваат виновни.

Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Додека, грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Двајца мажи од Студеничани репетирале пиштол и се заканувале кон

14/07/2026
Македонија

Почина 28 годишник откако се повредил при сеча на дрва

14/07/2026
Македонија

Уапсен Црногорец, на автопатот во гевгелиско со „бмв“ возел со

14/07/2026
Македонија

Условна казна затвор за екс-претседателката на Антикорупциска, Татјана Димитровска

14/07/2026
Македонија

Денот Д за Изборниот законик?! Во игра се 4,2 милиони

14/07/2026
Македонија

ТРАГЕДИЈА ВО ДЕБАРСКО: Млад маж го загуби животот при сеча

14/07/2026
Македонија

Почина поранешниот пратеник и познат лекар д-р Васко Мицевски од

14/07/2026
Македонија

РАСВРЗКА ЗА „ТАЛИР 2“: Ослободителна пресуда за Никола Груевски, ВМРО-ДПМНЕ

14/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44380
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Двајца мажи од Студеничани репетирале пиштол и се заканувале кон семејство во Старата скопска чаршија

14/07/2026

На 13.07.2026 во 13:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.Х.(60) и И.Х.(27), двајцата

Почина 28 годишник откако се повредил при сеча на дрва во дебарско

14/07/2026

На 13.07.2026 во 14:20 часот во ОВР Дебар е пријавено дека во атарот на дебарското село Горно Мелничани, М.Л.(28) од

Уапсен Црногорец, на автопатот во гевгелиско со „бмв“ возел со брзина од 205 километри на

14/07/2026

На 13.07.2026 во 11:09 часот на автопатот А1, кај село Милетково, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Гевгелија го

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy