
Ново поскапување на горивата – дизелот поскапува за 2 денари по литар
Од полноќ поскапува ЕУРОДИЗЕЛОТ за 2 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Со новата одлука, дизел горивото од утре ќе се продава по цена од 70 денари за литар.
Цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98+ остануваат непроменети и ќе изнесуваат 73,5 денари и 75,5 денари по литар, соодветно.
Исто така, без промена остануваат и цените на екстра лесното масло за домаќинство, кое ќе се продава по 67,5 денари, како и на мазутот, чия цена изнесува 36,1 денар за килограм.
