Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЕНЕРГЕТИКА ЌЕ УДРИ ПО ЏЕБОТ НА ГРАЃАНИТЕ, ИНЖЕНЕРИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ: Владата озаконува паушални фактури за струја
Економија

НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЕНЕРГЕТИКА ЌЕ УДРИ ПО ЏЕБОТ НА ГРАЃАНИТЕ, ИНЖЕНЕРИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ: Владата озаконува паушални фактури за струја

18/04/2025

AA

Со сериозни критики кон најавените измени во Законот за енергетика, Инженерите
на Република Македонија алармираат дека Владата планира да озакони пракса на
паушално, односно проценето, фактурирање на струјата. Наместо сметки засновани
на реална, измерена потрошувачка, граѓаните ќе плаќаат според претпоставки –
што, според инженерите, може да резултира со сериозна финансиска штета по
нивниот семеен буџет. Новиот предлог-закон, кој на 22 април влегува во
собраниска процедура, предвидува контроверзни одредби за кои од ИНРМ бараат
итно укинување, со цел да се заштити јавниот интерес и правото на фер
пресметка.

Соопштението го пренесуваме во целост:

Апелираме до пратениците и Министерството за енергетика да
ги отстранат некоректните одредби од предлог Законот за енергетика за да се
обезбедат фер, прецизни и транспарентни фактурирања, исклучиво врз основа на
реално измерена потрошувачка на електрична енергија. Граѓаните не смеат да
бидат жртви на проценки и математички грешки што причинуваат штета од илјадници
денари за нивниот семеен буџет, порачуваат од ИНРМ(Инженери на Република
Македонија.

Во новиот Предлог-закон за енергетика, кој на 22 април
влегува во собраниска процедура, Владата предлага контроверзни одредби со кои
се овозможува издавање на фактури за потрошена електрична енергија врз основа
на претпоставена, а не реално измерена потрошувачка, велат од ИНРМ.

Со вакви измени се озаконува досегашната практика на
паушално фактурирање, која стана особено проблематична по воведувањето на
ценовните блокови за скапата струја од 1 јули 2022 година. При нередовно читање
на броилата, потрошувачите неретко се распределуваат во погрешни ценовни
блокови, што резултира со зголемени сметки и неоправдани наплати.

Нашите пресметки покажуваат дека дури и ±10% грешка при
проценката на потрошувачката може да предизвика разлика во наплатата до 8.000
денари годишно по домаќинство. Со оглед дека во државата има 598.632
домаќинства, а ЕВН располага со 915.492 броила, ова претставува сериозен удар
врз џебот на граѓаните и можност за милионски профити на штета на јавниот
интерес.

Иако Регулаторната комисија за енергетика веќе потврди дека
ваквите проценки носат штета за потрошувачите и започна процес за измени на
Правилата за снабдување со електрична енергија, Владата оди во спротивна
насока. Со одредбите во Глава VIII од новиот закон – иронично насловена
„Заштита на потрошувачите“ – се предвидува озаконување на паушалното
фактурирање преку член 185, став 2 и став 4, точка 2.

Особено загрижувачки е што Владата го носи законот со
европско знаменце, повикувајќи се на усогласување со ЕУ директивата CELEX:
32019L0944, која никаде не предвидува дозвола за фактурирање со претпоставена
потрошувачка. Дополнително, овие одредби не се содржани ниту во претходните
верзии на законот објавени на платформата ЕНЕР.

Апелираме до пратениците и Министерството за енергетика да
ги отфрлат овие одредби и со амандмани: да се избрише став 2 од членот 185, а
од ставот 4, точка 2, да се отстрани вториот дел од реченицата.

Бараме фер, прецизно и транспарентно фактурирање, исклучиво
врз основа на реално измерена потрошувачка. Граѓаните не смеат да бидат жртви
на проценки и математички грешки што причинуваат штета од илјадници денари за
нивниот семеен буџет. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МНР: Нема официјална бројка за евакуирани македонски државјани од пожарите

13/08/2026
Македонија

Ангелов: Спречена е голема катастрофа во село Лознани, но опасноста

13/08/2026
Македонија

Полицијата со детали: 13 лица споделувале лажни вести за водата

13/08/2026
Македонија

Секој плаќа за себе: Wolt ја воведе функцијата Split Payments

13/08/2026
Македонија

АЛАРМАНТЕН ПОРАСТ: Регистрирани 26 случаи на Западно-нилска треска – ова

13/08/2026
Македонија

Пожарот над селото Габер се шири кон Вражале

13/08/2026
Македонија

Депонијата „Краста“ во Куманово и понатаму чади: Се бара помош

13/08/2026
Македонија

Алсат: Пронајден е мртов оперативниот директор Лирим Хајредини, погребот ќе

13/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45007
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МНР: Нема официјална бројка за евакуирани македонски државјани од пожарите во Грција, отворени се дежурните

13/08/2026

До овој момент од надлежните грчки институции не е добиена официјална информација за точниот број на евакуирани македонски државјани од

Ангелов: Спречена е голема катастрофа во село Лознани, но опасноста од пожарот сè уште трае

13/08/2026

Со брза и пожртвувана интервенција на битолските пожарникари и локалното население, попладнево е спречена голема катастрофа во селото Лознани, Битолско.

Полицијата со детали: 13 лица споделувале лажни вести за водата во Скопје без да имаат

13/08/2026

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР, во врска со

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy