Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Новиот директор на „Национални шуми“: Претпријатието не произведувало поради блокирана сметка
Економија

Новиот директор на „Национални шуми“: Претпријатието не произведувало поради блокирана сметка

11/08/2024

AA

Здравко Трајанов, новиот директор на „Национални шуми“, во денешното интервју за РСЕ рече дека јавното претпријатие поради блокираната сметка заглавило уште повеќе финансиски. и не може да се одржува со самофинансирачки буџет.

„Зашто сме доведени во оваква ситуација? Тоа треба да го одговорат властодавците од предходната власт. Тие дозволиле ваква ситуација Јавното претпријатие кое ступенисува со еден од најважните ресурси во државата, а тоа е дрвото. Прашањето е, зошто претходната власт, знајки го значењето на ова претпријатие, дозволило да биде со блокирана сметка. Блокираната сметка, предизвикала домино ефект: Неисплатени плати, неисплатени даноци, но и многу опасно немање на производство. Ова претпријатие се финансира од својата дејност и своите дејности. Тука доминантно е производството на сортименти од дрво.

Во таква ситуација претпријатието е блокирано и доведено во ситуација да на шести месец, наместо да имаме 350 000 м3 производство, претпријатието има одвај 90.000 метри кубни производство. Значи, еден проблем е загубите, втор проблем е уништеното производство. Останати проблеми кои се наталожени на предходните два, е тотална деморализација на работниците, штрајкови и ситуација да буквално шумата биде оставена на милост и немилост. Во таква ситуација сосема се логички обвинувањата дека овде се работило недомакински. Затоа што не може и не смее дрвото како ресурс, како категорија која е внесена во Уставот на Република Македонија да биде оставено вакан на стихија, на милост и немилост на сите криминалци кои харат околу шумарството во Македонија“, рече професорот. по шумарски науки и поранешен пратеник на едно од прашањата.

Трајанов додаде дека едвај успеале во тоа Макпетрол, ЕВН и Телеком да не им ја откажат соработката, а додаде и дека сите последновработени работници, иако вработени како дрвосечачи, добиле „задача“ во канцеларија како администратори.

– Во ситуација кога претпријатието било во катастрофална состајба, менеџментот од предходниот состав се ставил во функција на политиката, наместо во функција на претпријатието. Последните огласи за вработување, условно се огласи за вработување на сечачи, дотурачи, редачи на дрво и тоа околу 400 луѓе: еден оглас е за 320, другиот е за 40. Што се случува? На име на сечачи се примаат партиски структури. За само неколку дена, сите тие луѓе кои се примани како сечачи, со искучок на двојца, тројца во целата држава, добиваат работни налози да бидат во администрација. И сега, имаме ситуација кога на хартија ние имаме условно 320 сечачи, меѓутоа во пракса тоа се вработени луѓе кои се вгнездени во администрација. И сега имаме проблем со тие луѓе. Не сакат да се ги извршуват своите работни задачи. Прифатиле да бидат сечачи, еден дел дури е трагично изманипулиран. Таму се вработени шумарски инженери, шумарски техничари, се понижени да бидат учесници на тој конкурс, само и само да добијат вработување на неопределено време, вели Трајанов.

Директорот додаде дека од 80 до 140 вработени од претпријатието на дневна основа помагаат во гасењето на пожарите.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy