
Нови правила за патарините низ Македонија: Повисоки минимални суми, но и попусти за корисниците
Владата донесе нова одлука со која се менуваат правилата за електронско плаќање патарини, со цел да се зголеми ефикасноста, да се намали времето на чекање на наплатните станици и да се поттикне користењето на бесконтактни методи.
Како што информираат за „Блумберг Адрија“, новите мерки треба да придонесат и за зголемена безбедност и намалување на злоупотребите, преку „намалување на влијанието на човечкиот фактор и зголемување на задоволството на граѓаните“.
Со новите мерки, властите се надеваат дека ќе го зголемат бројот на корисници на електронскиот систем за наплата и ќе го олеснат протокот на возила, особено во летните месеци кога сообраќајот е зголемен.

