
НОВИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ИСЧЕЗНАТОТО СЕМЕЈСТВО ВО ГРЦИЈА: Им пукнал екранот на телефонот, со бабата контактирало само едно од девојчињата
Откако на фејсбук се организираше потрага по четиричленото семејство чиј трагсе изгуби на пат кон Грција, а единствено нешто што се знаеше беше дека ги поминале српската и македонскта граница, се појавија нови детали.
Според информациите во групата „грција инфо“, семејството стигнало на Тасос, но им пукнал екранот на телефонот на кој користат вибер, па затоа ги немало да контактираат со родителите и најблиските.
Според пишувањата, една од нивните ќерки се јавила кај бабата, но сепак, ниту еден од родителите не се јавил. Полицијата е известена.


