Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ВО ТИРЗ СКОПЈЕ 1: ЕМАПТА ќе вработи 850 лица, платите над илјада евра
Економија

НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ВО ТИРЗ СКОПЈЕ 1: ЕМАПТА ќе вработи 850 лица, платите над илјада евра

04/01/2024

AA

Уште една нова мултинационалната компанија отвара свој деловен простор во ТИРЗ Скопје 1. Станува збор за компанијата за аутсорсинг услуги ЕМАПТА, која како што беше објавено денес, ќе располага со деловен простор од 6.000 метри квадратни во зоната. Најавуваат вработување на 850 млади луѓе во наредните пет години или преку 10.000 за една деценија.

Воедно, надлежните посочија дека, според сосптвениците на компанијата, до крајот на инвестицискиот период само за плати компанијата ќе вложи над 15 милиони евра годишно.

Како што истакнаа премиерот Димитар Ковачевски и директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски кои денеска ја промовира инвестицијата, ЕМАПТА веќе една година работи во Македонија, во канцеларии во Скопје и има вработено 30 луѓе. Но, сега стартува со конкретна инвестиција. 

За да добие државна поддршка компанијата мора да има минимум 100 вработени кои ќе земаат најмалку 1.000 евра плата. Поддршката ќе изнесува 3.250 евра по вработен.

– Основачот на ЕМАПТА е од Австралија, а дојде тука благодарение на нашинец кој работеше таму – појасни Деспотовски.

Според премиерот Ковачевски, за успесите на оваа компанија доволно говори фактот што со својата мрежа се протега низ цела Европа, Јужна Америка и со силно глобално присуство во Австралија, Сингапур, Шри Ланка, Малезија, Нов Зеланд и други, со портфолио од 730 компании клиенти и 7.600 вработени ширум светот.

– Со проширувањето на ЕМАПТА во земјава и нивната инвестиција во ТИРЗ Скопје 1, воведуваме нов пристап кон диверзификација на инвестициите и проширување кон услужните дејности.

Преку ЕМАПТА, нашите млади луѓе ќе работат за компании од светски ранг, ќе станат дел од глобалните текови. Ќе работат локално, но ќе делуваат глобално. Со тоа и Северна Македонија станува дел од светските глобализациски трендови, потенцира Ковачевски.

ЕМАПТА обезбедува квалитетна работна сила за нејзините клиенти глобално. Нејзината мрежа вклучува оперативни капацитети во Азија, Европа, Јужна Америка и Австралија. Основана во 2010 година во Австралија од основачот Тим Ворбах, корпорацијата работи по one-stop-shop концепт и нуди широк спектар професионалци и дејности со цел да ги задоволат различните барања и потреби на компаниите клиенти.  

Широкaта понуда на професионални услуги и таленти на ЕМАПТА се насочени кон клучните вертикални пазари, вклучувајќи ИТ и ИКТ, медицина, телеоператори и телекомуникации, IoT (Internet of Things), софтверски инженеринг, истражување и развој во компјутерски технологии, сметководство, продажба,… 

ЕМАПТА опслужува разновидни водечки глобални брендови на 4 континенти. Во 2022 година остварила приходи од 2,8 милијарди долари, со проекција до три милијарди американски долари за идната година. 

Финансиските проекции на ЕМАПТА Македонија растат континуирано, веќе во 2027 година компанијата предвидува приходи од 14 милиони евра, а до крајот на инвестицискиот проект во 2033 се предвидуваат приходи од 66 милиони евра. 

Целната група на компанијата се млади квалитетни луѓе најчесто со високо образование кои ќе останат во државата и ќе работат за странски клиенти. ЕМАПТА цели кон ширење на целиот европски континент преку главното седиште овде во Скопје.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НАМЕСТО ДА ОБЈАСНИ ЗОШТО БИЛ КАЈ ЗАЕВ, ФИЛИПЧЕ ЗБОРУВАШЕ ДЕКА

13/02/2026
Македонија

ЗОШТО ДОЗВОЛИЛЕ ОДГЛЕДУВАЊЕ КАНАБИС НА ОТВОРЕНО? Филипче жестоко го брани

13/02/2026
Македонија

СО ТРЕНДАФИЛОВ НИ Е ЗАЕДНИЧКО САМО ТОА ШТО НÈ ПРАТАТ

12/02/2026
Македонија

НÈ ЧЕКА ВРНЕЖЛИВ ВИКЕНД И ЗАЛАДУВАЊЕ Продолжува променливото време

12/02/2026
Македонија

Касами: Сè додека Беса учествува во Владата како дел од

12/02/2026
Македонија

БЕСА ГО ОТВОРИ ПАТОТ ЗА СПОЈУВАЊЕ ВО ПАРТИЈА „ВРЕДИ“ Движењето

12/02/2026
Македонија

Година на странски туристи: Туризмот во Македонија со раст од

12/02/2026
Македонија

Дефект на водовод блокираше пат: Свлечиште го отсече селото Татар

12/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41397
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НАМЕСТО ДА ОБЈАСНИ ЗОШТО БИЛ КАЈ ЗАЕВ, ФИЛИПЧЕ ЗБОРУВАШЕ ДЕКА ГО СЛЕДЕЛЕ Петрушевски има 3

13/02/2026

Наместо да објасни зошто по скандалот со запленетата марихуана заминал во Грција на „консултации” кај неговиот ментор Заев, лидерот на

ЗОШТО ДОЗВОЛИЛЕ ОДГЛЕДУВАЊЕ КАНАБИС НА ОТВОРЕНО? Филипче жестоко го брани менторот, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

13/02/2026

Лидерот на СДСМ Венко Филипче да каже зошто со неговиот претходник Зоран Заев дозволиле одгледување на канабис на отворено спротивно

СО ТРЕНДАФИЛОВ НИ Е ЗАЕДНИЧКО САМО ТОА ШТО НÈ ПРАТАТ СЛУЖБИТЕ Филипче има идеја како

12/02/2026

  Лидерот на СДСМ Венко Филипче во интервју за Канал 5 вели дека нема комуникација ниту координација со претседателот на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy