Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Нов вид перуанска змија наречена по Харисон Форд
Магазин

Нов вид перуанска змија наречена по Харисон Форд

16/08/2023

AA

 

Познато е дека Индијана Џонс не поднесува змии, но Харисон Форд, актерот кој го портретира славниот археолог авантурист, сега има вистински рептил кој го носи неговото име.

Новопронајден вид змии во Перу го доби името Tachymenoides harrisonfordi во чест на актерот и неговото залагање за животната средина.

Тој има и мравка и пајак наречени по него.

Форд, кој е потпретседател на непрофитната организација Conservation International, изјави: „Овие научници продолжуваат да ги именуваат животните по мене, но секогаш животни што ги плашат децата. Не разбирам. Слободното време го поминувам дома. Им пеам приспивни песни на моите растенија босилек за да не се плашат од ноќта.“

За разлика од неговиот лик, Индијана Џонс, Форд потенцира дека всушност сака змии и дека „брзо се сродил со оваа“.

„Змијата има очи во кои можете да се удавите, а го поминува поголемиот дел од денот сончајќи се покрај базен со нечиста вода – веројатно ќе бевме пријатели во раните 60-ти“, рече Форд.

„Ова е потсетник дека има уште многу да се научи за нашиот див свет – и дека луѓето се еден мал дел од неверојатно огромна биосфера“.

Откритието, заедничка соработка помеѓу научници-истражувачи од Перу и САД, е направено во националниот парк Отиши во Перу.  Долга е околу 40 сантиметри и не е опасна за луѓето.

„За биолог, опишување на нов вид и негово објавување под ново име е една од највиталните активности во време на криза со биодиверзитетот или биолошка разновидност,“ изјави Едгар Лер, водечки научник на проектот.

„Само познати организми може да бидат заштитени,“ рече научникот. Тој се надева дека откритието ќе го привлече вниманието на кризата со изумирање со која се соочуваат видовите ширум светот.

Влекачите се особено склони кон изумирање, со повеќе од една петтина од сите влекачи кои моментно се загрозени, покажа студијата чии автори се истражувачите од „Конзервејшн интернешанл“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026
Македонија

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија

08/08/2026
Македонија

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026
Македонија

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне

08/08/2026
Македонија

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што

08/08/2026
Македонија

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе

08/08/2026
Македонија

До кога ќе ги малтретирате граѓаните со километарски колони? ЛДП

08/08/2026
Македонија

25 години од Карпалак, најбројниот масакар во воениот конфликт во 2001г.

08/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44917
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026

Трагичен настан бил пријавен во Штип во раните утрински часови на 7 август. Според информациите од полицијата, во 02:45 часот

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија под топлотен бран

08/08/2026

Високите амбиентни температури донесоа значително зголемен прилив на пациенти на Детското одделение во Општата болница во Куманово, каде што дневно

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026

Од Бодрум со владиното авионче попладнево на скопскиот аеродром беше префрлен патникот кој се здобил со побреди во Турција, потврдиваат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy