Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Нов случај на африканска чума кај свињи во село Петралица, Ранковце
Македонија

Нов случај на африканска чума кај свињи во село Петралица, Ранковце

20/06/2023

AA

Врз основа на лабораториски наоди кои вчера, доцна  попладне ги доби Агенцијата  за храна и ветеринарство (АХВ) од Институтот за ветеринарна медицина при Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, потврден е нов, изолиран случај на болеста африканска чума кај питомата популација свињи во село Петралица, општина Ранковце, кое се наоѓа во високоризичната зона во однос на оваа болест. Станува збор за нерегистрирано и неевидентирано одгледувалиште каде за сопствени потреби се чувале три свињи од кои две угинале и каде не биле спроведени биосигурносни мерки. Во текот на денешниот ден, донесено е Решение за  контролни и заштитни мерки во однос на болестa африканска чума кај свињите и извршена е депопулација на 1 свиња (од трите кои се одгледувале), а спроведени се и мерки за чистење и дезинфекција.

Заштитни и контролни мерки за спречување на ширење и ставање под контрола на болеста ќе бидат спроведени и во контактните одгледувалишта. За повторната појава на болеста официјално ќе биде известена и Светската организација за здравствена заштита на животните – WOAH и Европската комисија.

Воспоставени се заштитна зона во радиус од 3 км околу потврденото жариште коja гo вклучува населеното место Петралица, општина Ранковце и зона под надзор во радиус од 10 километри. Во заштитната зона ќе се спроведат мерки  за одземање, убивање и нештетно отстранување на сите свињи кои се наоѓаат во одгледувалиштата каде болеста ќе биде потврдена, како и во сите контактни одгледувалишта, освен во комерцијалните одгледувалишта кои се категоризирани со низок ризик во однос на имплементираните биосигурносни мерки. За одземените и нештетно отстранети свињи одгледувачите ќе бидат обесштетени согласно Законот за ветеринарно здравство и Упатството за определување на пазарна вредност на животните кои се одземаат.

По појавата на болеста ќе се спроведе епидемилошко испитување за да се утврди можниот извор и евентуалното ширење на болеста, како и попис и идентификација на сите свињи во одгледувалиштата во рок од 7 дена во заштитната и 15 дена во зоната под надзор. Свињите од зоната под надзор ќе се пратат на економско искористување со колење во одобрена кланица.  Од закланите свињи ќе се земаат мостри заради официјална потврда на присуство или отсуство на вирусот на болеста. Кланицата ќе им исплаќа надомест за закланите свињи на сопствениците во висина на кланичната вредност, утврдена со договор. За закланите свињи Агенцијата ќе ја исплаќа разликата од проценетата пазарна вредност.

Забрането е чување на свињи на отворено. Сите свињи кои ќе се затекнат на отворено, без оглед дали се наоѓаат во заштитната или зоната под надзор ќе бидат одземени и нештетно отстранети на товар на сопственикот на животните без надомест. Доколку свињите се чуваат во објект со испуст и во двете зони, објектот мора да биде обезбеден со двојна ограда со минимална висина од 1,5 метри и растојание меѓу двете огради  од најмалку еден метар.

Опасноста од ширење на болеста не е помината и затоа АХВ апелира до огледувачите на свињи да водат сметка и да ги одржуваат биосигурносните мерки на фармите, ловните друштва да ја почитуваат обврската за пребарување на угинати диви свињи на ловиштата, бидејќи како и во минатото, дивата популација е главниот резервоар на вирусот на болеста африканска чума кај свињите.

Бидејќи е време на летни одмори, до граѓаните апелираме да не носат храна од животинско потекло, особено не месо и производи од свинско месо, бидејќи станува збор за болест која исклучително лесно и брзо се пренесува и шири, за која не постои вакцина и која може да нанесе огромни штети во свињарството.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ГОЛЕМ ОДРОН КАЈ СЕЛОТО КОЛАРИ Забрана за автобуси од Лисец

15/02/2026
Македонија

15 ВОЗАЧИ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА Двајца малолетници меѓу оние кои

14/02/2026
Македонија

ВРЕМЕТО СЕ МЕНУВА ДРАСТИЧНО Дожд, бури, а на планините и

14/02/2026
Македонија

Муцунски: Германија останува клучен партнер во македонските евроинтеграции и економската

14/02/2026
Македонија

📽️ 📷 МИРОТ МОРА ДА БИДЕ ПРАВЕДЕН ЗА ДА БИДЕ

14/02/2026
Македонија

НАМЕСТО БИЗНИС ОСТАНАЛА БЕЗ ПАРИ Кавадарчанка измамена за 3.000 евра

14/02/2026
Македонија

Струга сè уште без чиста вода: Приватна институција од Скопје

14/02/2026
Македонија

Вештачењето во „Онкологија“: Стручни мислења и контроверзии околу документацијата

14/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41481
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ГОЛЕМ ОДРОН КАЈ СЕЛОТО КОЛАРИ Забрана за автобуси од Лисец кон Шапка

15/02/2026

На патниот правец Кичево – Гостивар поради голем одрон кај село Колари од 7 часот изутринава е воведен наизменичен сообраќај

15 ВОЗАЧИ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА Двајца малолетници меѓу оние кои возеле без дозвола, без возила

14/02/2026

Вчера полицијата го зајакна присуството на патиштата низ целата држава и лиши од слобода 15 возачи, од кои две малолетници,

ВРЕМЕТО СЕ МЕНУВА ДРАСТИЧНО Дожд, бури, а на планините и снег

14/02/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре нѐ очекува променливо облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни. Во источните региони ќе

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy