НОРВЕШКИТЕ МИЛИЈАРДЕРИ „БЕГААТ“ ВО ШВАЈЦАРИЈА, КИПАР, КАНАДА: Даноците им го „јадат“ богатство
Повеќе од 30 од најбогатите во Норвешка побегнаа во
Швајцарија и други земји во текот на изминатата година, бидејќи деловните
лидери изразија загриженост за данокот на богатство што го наплаќа
централно-левичарската влада на Осло, пишува Фајненшл тајмс.
Јавните податоци во регистерот на населението на Норвешка
покажуваат дека најмалку 30 милијардери и милионери ја замениле просперитетната
скандинавска нација за алпската јурисдикција со пониски даноци во 2022 година.
Меѓу нив е и рибарскиот и нафтен магнат Кјел Инге Роке, некогаш најбогатиот
човек во Норвешка.
Други се преселиле во земји како Кипар, Италија и Канада. Други,
најверојатно, ќе го следат примерот, бидејќи богатите се загрижени за даночните
промени за кои велат дека и наштетуваат на конкурентноста на земјата. Истото го
мислат и даночните советници.
Изборот помеѓу животот во Норвешка и успехот на компанијата
Последниот меѓу милијардерите што ја напушти Норвешка е
Фредрик Хага, 31-годишниот ко-основач на компанијата за податоци за
криптовалути Duna, вредна милијарда долари, кој наскоро и официјално ќе
регистрира живеалиште во Цуг, Швајцарија. „Морав да изберам помеѓу животот во
Норвешка и успехот на компанијата.
Не е дека не сакам да плаќам данок. Станува збор за плаќање
данок на пари што ги немам“, изјави Хага за „Фајненшл тајмс“. Во центарот на
дебатата е данокот на богатство на Норвешка, кој се наплаќа на сите нето
средства во вредност од над 1,7 милиони норвешки круни односно (173.000 долари) со стапка од
1,1 отсто за најбогатата Швајцарија има и данок на богатство, но нуди бенефиции
за странците.
За претприемачите како Хага, чијшто најголем дел од
средствата се врзани за неговата компанија, даночната структура може да доведе
до ситуација кога тие треба да плаќаат големи дивиденди или дури и да продадат
дел од бизнисот. Меѓутоа, бидејќи Dunа сè уште работи со загуба, но рапидно
расте, не можеше да плати дивиденда и не сака да го продаде уделот.
Група богати Норвежани кои минатата година заминаа во
Швајцарија, според нивните годишни даночни пријави, имале вкупно богатство од
29 милијарди круни и платиле 550 милиони круни како данок. Егзодусот во текот
на 2022 година е поголем отколку во претходните 13 години заедно, пресмета
дневниот весник Дагенс Наерингслив.
Роке, кој се пресели во Лугано во септември и претходно
плати 181 милион круни данок, одби да ја коментира својата ситуација. Данокот
на богатство на Норвешка, еден од ретките кои сè уште се наплаќаат во Европа
откако Франција го укина во корист на данокот на имот во 2018 година, долго
време беше извор на незадоволство меѓу богатите во Норвешка.
„Тоа го попречува норвешкиот бизнис на различни начини.
Данокот ги принудува сопствениците да извлечат дивиденди од нивните компании,
понекогаш повисоки од профитот. Тоа значително ги намалува инвестициите во
компаниите“, изјави за Фајненшл Тајмс Матилде Фастинг, даночен експерт.
Карл Јохан Лиер, извршен директор на AutoStore и минатата
година деветти по големина даночен обврзник во земјата, рече дека разбира зошто
луѓето си заминуваат, особено оние кои водат старт-ап.
„Има многу луѓе кои не требаше да заминат“, рече Лиер,
додавајќи дека тој нема да биде еден од нив: „Овде имам семејство и внуци. Тоа
е поважно од даноците.“
Хага рече дека нема многу да добие од јавното говорење, но
сака да ги алармира претприемачите и новоформираната сцена во Норвешка:
„Норвешка стана од лошо во ужасно место за почеток на бизнис. Причината за ова е данокот на
богатство“.