
Норвешка одлучила да ја затвори својата Амбасада во Приштина, вели Дачиќ
Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ денеска изјави дека Норвешка одлучила да ја затвори својата Амбасада во Приштина. Тој најави ресетирање на односите со Израел, кој го призна Косово, јави дописникот на МИА од Белград.
Дачиќ за ТВ Пинк кажа дека одлуката на Норвешка за затворање на Амбасадата ја дознал по разговорот со државниот секретар во норвешкото МНР, Ајвин Вада Петерсон. Вели дека оваа одлука ја погодила Приштина.
Дачиќ најави дека неговиот колега од Израел, Ели Коен следната недела ќе дојде во Србија и дека ќе разговараат за „ресетирање на односите“.
Тој додаде дека Заедницата на српските општини (ЗСО) воопшто не се споменува како дел од планот за деескалација, а се врши притисок врз Белград Србите да се согласат да учествуваат на нови избори. Западот повикува на смирување на тензиите.
