Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Номагас“ го затвора тендерот за избор на изведувач за гасоводот со Грција
Економија

„Номагас“ го затвора тендерот за избор на изведувач за гасоводот со Грција

20/11/2024

AA

Номагас АД Скопје денеска
го затвори тендерот за избор на изведувач на градежни работи за изградба на
гасоводот за интерконекција помеѓу Македонија и Грција. Проектот е еден од
најзначајните инфраструктурни зафати во енергетскиот сектор како во државата
така и во регионот, кој треба да обезбеди алтернативен извор на природен гас и
диверзификација на снабдувањето.

Крајниот рок за прием
на понудите беше 20 ноември. На тендерот се јавија 5 компании од кои 4 (четири)странски
и 1-на (една) домашна компанија. Меѓу пристигнатите понуди една е од домашна
компанија, две се од италијански компании и по една понуда од компании од
Турција и Србија.

„Тендерската постапка беше
отворена, а компанијата која ќе биде избрана ќе има рок од две години за
изградба на македонскиот дел од интерконекторот, во должина од 67 километри. Се очекува до крајот на годината да биде финализиран
изборот, како и потпишувањето на потребните договори, со компанијата која ќе ги
изведува градежните работи, со што, според
очекувањата, изградбата ќе започне напролет. Средствата за изградба
на интерконекторот се обезбедени преку кредити и грантови од меѓународни
финансиски институции, меѓу кои Европската инвестициска банка (28,9 милиони
евра), Европската банка за обнова и развој (44 милиони евра), инвестициски
грант преку ВБИФ (9,9 милиони евра), како и техничка помош (100% грант) преку
програмата ВБИФ за надзор, инспекциско тело и административна помош за НОМАГАС
АД Скопје“, велат од Номагас. 

Гасоводот ќе овозможи
не само транспорт на природен гас, туку и водород, со што ќе се придонесе кон
транзицијата кон зелена енергија и исполнување на европските стандарди.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВАЖНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО САУДИСКА АРАБИЈА Најстрого е забрането

11/10/2026
Македонија

ВРЕМЕ Е ДА СЕ ОДНЕСУВАМЕ КОН ДРЖАВАТА КАКО КОН ЗАЕДНИЧКИ

11/10/2026
Македонија

НЕВРЕМЕ СО ГРМЕЖИ И ПОРОЕН ДОЖД, ПОТОА НАГЛО ЗАЛАДУВАЊЕ На

10/10/2026
Македонија

ПОЛИЦАЕЦ АЛБАНЕЦ ОД КРИМИНАЛИСТИЧКАТА ПОЛИЦИЈА ПОСОЧЕН КАКО ГЛАВЕН ТЕПАЧ Се

10/10/2026
Македонија

ДА ЈА ВРАТИМЕ ДРЖАВАТА ВО СЛУЖБА НА НАРОДОТ Филипче од

10/10/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА СВЕТИ ВО ЗЕЛЕНО ЗА НОВ ЖИВОТ Објекти низ државата

10/10/2026
Македонија

„DIE TAGESPOST“ ЈА ЦИТИРА МАКЕДОНСКАТА ПРЕТСЕДАТЕЛКА Пред да се прошири

10/10/2026
Македонија

МИЦКОСКИ СЕ РАДУВА ШТО ПОЧНАЛ ДИЈАЛОГОТ СО БУГАРИЈА Прмиерот очекува

10/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46101
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВАЖНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО САУДИСКА АРАБИЈА Најстрого е забрането снимање и објавување видеа од

11/10/2026

Амбасадата на Македонија во Абу Даби упати итно предупредување до македонските државјани кои престојуваат во Саудиска Арабија, особено во Ријад,

ВРЕМЕ Е ДА СЕ ОДНЕСУВАМЕ КОН ДРЖАВАТА КАКО КОН ЗАЕДНИЧКИ ДОМ Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова

11/10/2026

Претседателката на државата Гордана Сиљановска – Давкова упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание со порака

НЕВРЕМЕ СО ГРМЕЖИ И ПОРОЕН ДОЖД, ПОТОА НАГЛО ЗАЛАДУВАЊЕ На повисоките планини можен и снег

10/10/2026

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поројни и пообилни, проследени со грмежи и

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy