Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НОЌЕСКА ВО ЗАГРЕБ БИЛ УБИЕН ТОМИСЛАВ САБЉО – кој е тој и зошто го гонеа хрватските органи на прогонот
Регион

НОЌЕСКА ВО ЗАГРЕБ БИЛ УБИЕН ТОМИСЛАВ САБЉО – кој е тој и зошто го гонеа хрватските органи на прогонот

22/04/2023

AA

Томислав Сабљо синоќа беше убиен во ноќен клуб во Загреб. Тој беше уапсен и обвинет во акцијата Тебра како еден од водачите на криминалната организација која шверцувала дрога, палела автомобили и наплатувала долгови.

Сабљо, Томислав Сучиќ и уште 17 лица кои се поврзани со синџирот на шверц на дрога од Албанија и Црна Гора, преку Босна и Херцеговина до Хрватска, беа уапсени во јули 2019 година во голема полициска акција.

УСКОК се сомнева дека Сабљо и Сучиќ собрале група во Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија од мај 2016 до средината на мај 2019 година со цел набавка и шверц на марихуана.

Марихуаната најпрвин била складирана во близина на Љубушки во Босна и Херцеговина, а потоа со помош на граничен полицаец била транспортирана во Хрватска. Полицајката наводно учествувала во испораката на дрога на муштериите во Дугопоље или во Вргорац им ја предавала на членовите на групата кои ги превезувале во Загреб и Купинц.

Дрогата потоа ја продавале на други препродавачи и на овој начин, осомничените од УСКОК, во Хрватска биле прошверцувани најмалку 15,7 тони марихуана.

Наводните водачи на групата организирале и набавка на 1.335 грама кокаин, со што вкупно заработиле најмалку 84,6 милиони куни.

Сабљо и Сучиќ се обвинети и дека биле поврзани со Вулетиќ и шестмина обвинети кои запалиле најмалку четири автомобили и „подготвиле напад на најмалку едно лице, сокриле најмалку еден украден автомобил и незаконски наплатиле долг од најмалку едно лице“.

„УСКОК во обвинителниот акт предложи на обвинетиот да му се одземе незаконски стекнатата имотна корист, при што за двајца од обвинетите беше предложено продолжена конфискација на имотна корист. За шестмината обвинети беше предложено и продолжување на притворот“, соопштија од обвинителството.

Деблокирани средства

Во јули 2021 година на обвинетите во аферата Тебра им беше одблокиран имот вреден 10 милиони куни, за нарко-бизнисот од кој наводно заработиле дури 84,6 милиони куни, бидејќи обвинението не било потврдено во рок од две години.

Повторно заврши во затвор

Поради Тебра, Сабљо е во Реметинац (затвор во Хрватска) од јули 2019 година. Излегол на 2 декември 2021 година.

Томислав Сабљо (40), откако беше ослободен од притворот во кој беше кога беше уапсен во акцијата „Тебра“, повторно два пати беше приведен. Првиот пат во декември 2021 година, ниту една недела откако го напушти Реметинац, а вториот пат во септември 2022 година. Во двата случаи се вратил зад решетки поради изнуда или обид за изнуда, пишува Вечерњи лист.

Првиот пат повторно бил уапсен поради сомнение дека се обидел да изнуди 77-годишен старец, а вториот пат се заканувал на 33-годишен маж и неговото семејство.

Извор и фото. Индекс.хр

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ВУЧИЌ ВО ЊУЈОРК Разговори за унапредување на соработката

24/09/2026
Македонија

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ВРАБОТУВАЊЕ САМО ПО ЕТНИЧКИ КЛУЧ Министерот Минчев

24/09/2026
Македонија

КРВАВ ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ Со остар предмет нападнал сосед, неговата

24/09/2026
Македонија

МИЦКОСКИ НА КОМЕМОРАЦИЈА НА ТЕРОРИСТИЧКИТЕ НАПАДИ ВО ЊУЈОРК Марк Руте

24/09/2026
Македонија

ДИРЕКТНА ЛИНИЈА СКОПЈЕ-ДУБАИ ОД МАРТ В ГОДИНА Министерот Николоски за

24/09/2026
Македонија

НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ИМ СЕ ИСПЛАТЕНИ 105,8 МИЛИОНИ ЕВРА, 90% ОД

24/09/2026
Македонија

СО ДАТА-ЦЕНТРИТЕ ОЧЕКУВАМЕ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ ОД 500 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Министерот

24/09/2026
Македонија

ДВЕ РОБОТСКИ АСИСТИРАНИ ГИНЕКОЛОШКИ ОПЕРАЦИИ ИЗВЕДЕНИ ВО ЕДЕН ДЕН ВО

24/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45786
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ВУЧИЌ ВО ЊУЈОРК Разговори за унапредување на соработката

24/09/2026

Премиерот Христијан Мицкоски во Њујорк остварил средба со српскиот претседател Александар Вучиќ. – Остварив средба со претседателот на Република Србија,

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ВРАБОТУВАЊЕ САМО ПО ЕТНИЧКИ КЛУЧ Министерот Минчев ветува мерит систем, каде знаењето

24/09/2026

Заврши времето кога само етничката припадност беше услов за добивање работно место во јавниот сектор, а новиот закон за правична

КРВАВ ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ Со остар предмет нападнал сосед, неговата сопруга и сосетка

24/09/2026

Вчера во 23:15 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода  Ј.Ј.(44) од Скопје. Според пријавеното, по претходна

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy