Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НЛБ Банка со голема донација на пет општествено корисни организации и институции
Економија

НЛБ Банка со голема донација на пет општествено корисни организации и институции

21/07/2023

AA

Под мотото „Свет полн со добрина е свет полн со можности“, денеска НЛБ Банка организираше настан на кој на пет невладини организации и институции официјално им врачи донации во вкупна вредност од 150.000 евра (30.000 евра за секоја). Добитниците беа избрани од вработените во Банката по пат на интерна анкета, препознаени како организации и институции кои носат позитивни промени и се силна поддршка во локалната заедница.

Добитници на донациите се: Асоцијацијата за цистична фиброза, Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, Црвениот Крст на Град Скопје и Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“.

Проектот е дел од голема регионална донаторска акција на НЛБ Групацијата. Иницијативата произлезе токму од Групацијата која мотивирана од исклучителните деловни резултати остварени во првиот квартал од годинава и од желбата дел од добивката да ја насочи кон создавање одржлива иднина за сите, одлучи да донира вкупно 1,35 милиони евра на сите пазари каде што е присутна. Вработените во целата НЛБ Групација номинираа близу 100 организации, а потоа со гласање избраа повеќе од 30 приматели во целиот регион меѓу кои здруженија, хуманитарни организации и групи кои покриваат различни области: грижа за деца, грижа за социјално ранливите категории, семејства, стари лица, пациенти со ретки болести и др. 

„Ние во НЛБ, одговорноста кон нашите клиенти, вработените и заедницата ја гледаме како наша мисија. Во исто време, добро знаеме дека не можеме сами да го промениме општеството на подобро, туку само здружени и заедно со поединци и организации кои веќе работат на општествено корисни проекти и создаваат подобар свет. Среќни сме кога помагаме, кога мотивираме и инспирираме на добри дела. И не само тука, туку и во целиот наш матичен регион за кој велиме дека не е само точка на мапата, туку наш дом. Им честитам на добитниците и искрено верувам дека овие донации ќе имаат позитивно влијание, ќе помогнат и ќе донесат радост на многу наши сограѓани“. -истакна претседателот на Управниот одбор на НЛБ Банка, Бранко Грегановиќ.

Во своите обраќања, добитниците на донациите искажаа огромна благодарност до Банката и истакнаа дека НЛБ е вистински пример за општествено одговорна компанија, со високо развиена свест за солидарност, емпатија и хуманост, а помошта на Банката кон организациите, здруженијата и институциите е несебична и неселективна. 

НЛБ е силно посветена на проекти кои овозможуваат одржливост со посебен фокус на организации и институции од јавен карактер кои имаат витална улога во општеството и работат за доброто на заедницата. Ваквите активности, како што беше посочено и на настанот, ќе продолжат и во иднина, сè со цел да се подобри квалитетот на животот во нашиот регион, за денешните, но и за генерациите кои доаѓаат.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЌЕ ТРАЕ ПРОЦЕСОТ НА ПОДОБРУВАЊЕ НА НАШИТЕ ПОЗИЦИИ ПРЕД ЕУ,

29/09/2026
Македонија

ПРАШАЈТЕ ГИ ВО КРИВА ПАЛАНКА ДАЛИ СЕ ПРОТИВ АНТИМОНОТ Мицкоски

29/09/2026
Македонија

ПОПЛАВА ВО ОБЈЕКТОТ НА ПОРАНЕШЕН НИП НОВА МАКЕДОНИЈА Повеќе државни

29/09/2026
Македонија

ДЕЛЕГАЦИИТЕ НА СДСМ ВО САД БРОЕЈА И НАД 50 ЛУЃЕ

29/09/2026
Македонија

БУГАРИЈА ЗА НЕКОЈ ДЕН ЌЕ ГИ ДОБИЕ ОСТАНКИТЕ НА ЦАР

29/09/2026
Македонија

БУГАРИЈА ЗА НЕКОЈ ДЕН ЌЕ ГИ ДОБИЕ ОСТАНКИТЕ НА ЦАР

29/09/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ РЕДОВНО ГУБИ НА ИЗБОРИ, ЗОШТО БИ САКАЛЕ НЕГОВА СМЕНА

29/09/2026
Македонија

РАДИЧЕВСКИ НАЈАВИ НОВИ ПРОЕКТИ ВО БРВЕНИЦА Од локални патишта и

28/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45863
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЌЕ ТРАЕ ПРОЦЕСОТ НА ПОДОБРУВАЊЕ НА НАШИТЕ ПОЗИЦИИ ПРЕД ЕУ, ОТКАКО ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ГИ ПРОДАДЕ

29/09/2026

Поранешната влада сама прифати услов за промена на Уставот, сега ние се бориме за подобри позиции во евроинтеграциите, вели премиерот

ПРАШАЈТЕ ГИ ВО КРИВА ПАЛАНКА ДАЛИ СЕ ПРОТИВ АНТИМОНОТ Мицкоски го потсети СДСМ што побарал

29/09/2026

Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли критиките на СДСМ за проектот со антимонот кај Крива Паланка, тврдејќи дека опозицијата „си измислила

ПОПЛАВА ВО ОБЈЕКТОТ НА ПОРАНЕШЕН НИП НОВА МАКЕДОНИЈА Повеќе државни институции, меѓу кои и МОН

29/09/2026

Пукната топловодна цевка утрово предизвика поплавување на првиот кат од зградата на поранешно НИП „Нова Македонија“, каде се сместени повеќе

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy