
НЛБ Банка повторно нападната, се испраќаат лажни СМС пораки
ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ: Лажни СМС пораки за наводни поштенски пратки, обид за злоупотреба на лични податоци и финансиски средства
Почитувани клиенти,
Повторно се забележани СМС пораки поврзани со наводни поштенски пратки и линк кој води до лажна веб страница на АД „Македонски Пошти“.
Доколку добиете СМС порака со ваква содржина, ве молиме не ги споделувајте податоците од вашата платежна картичка, ниту пак вашите лични податоци.
Се работи за лажни СМС пораки преку кои се прави обид за измама, односно злоупотреба на вашите лични податоци и финансиски средства.
Ваша НЛБ Банка