
„НИШТО СТРАШНО, ШАРА СЕ ИЗВИШУВА“: Професорот Милевски смирува по земјотресот
По силниот земјотрес што вечерва ги вознемири граѓаните, професорот Ивица Милевски од Природно-математичкиот факултет (ПМФ) излезе со смирувачка порака и научно објаснување за потресот. Тој истакна дека нема место за паника, туку се работи за природен геолошки процес на „немирната“ Шар Планина.
Милевски објасни дека земјотресот е резултат на тектонските движења со кои планината продолжува да се издигнува.
Професорот упати порака до граѓаните да бидат спокојни, бидејќи се работи за процес што трае милиони години.

