Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Нимиц: ЕУ направи историска грешка што не го придвижи брзо пристапувањето на Северна Македонија во Унијата
Регион

Нимиц: ЕУ направи историска грешка што не го придвижи брзо пристапувањето на Северна Македонија во Унијата

29/06/2024

AA

Европската Унија направи историска грешка што го одложи пристапниот процес на Северна Македонија и покрај ветувањата и очекувањата по Договорот од Преспа, истакна поранешниот специјален пратеник на генералниот секретар на Обединетите нации во разговорите за името Метју Нимиц во интервјуто за грчкиот информативен портал „Ин“, јави дописничката на МИА од Атина.

Нимиц учествуваше на Меѓународната конференција за мир и одржлив развој што на 17 и 18 јуни се одржа во Атина во организација на „Институтот Алексис Ципрас“ и „Фондацијата Заев“, а во интервјуто за „Ин“ говори за Договорот од Преспа, ситуацијата во регионот и пошироко, но и за улогата на ЕУ. 

-Европската Унија, мислам дека направи историска грешка што не се движеше брзо во пристапувањето на Северна Македонија во Унијата. Беа направени ветувања. Постоеја очекувања во Северна Македонија дека штом се реши спорот со Грција, направено со Преспа и со уставните промени, што беше многу тешко за нив да го сторат тоа, тогаш пристапниот процес ќе се движи брзо. И тоа не се случи. Тоа беше одложено поради повеќе причини. И, можете да го објасните на овој или оној начин, но тоа доведе до ерозија на довербата во Северна Македонија. Очекувањата не беа такви, рече Нимиц. 

Во однос на Договорот од Преспа истакнува дека е „навистина важен и многу добар договор за двете земји“, но и компромис, а во конкретниот регион, како што посочува „никој не сака компромиси“.

-Во САД зборот компромис е позитивен збор. Ако не се согласуваш со некој, влегуваш во друга просторија, излегуваш и велиш дека е постигнат компромис и сите се многу среќни. Во овој регион велиш дека е направен компромис, а луѓето го сметаат за неуспех. Го гледаат она од што сте се откажале, а не она што сте го добиле. И сите овие договори, се разбира, ако дојдете до договор за едно несогласување, тоа обично е компромис. И сега имаме ситуација, кога првично раководството на Северна Македонија даде некои изјави за употребата на името, што сметам дека е вознемирувачки, рече Нимиц.

Оценува дека Договорот нема да пропадне, бидејќи, како што вели е „силен и ратификуван од двата парламенти“, но посочува дека постои опасност да не се имплементира.

-Новото раководство на Северна Македонија изјави дека ќе го почитува Договорот. А Владата на Мицотакис овде во Грција уште од почетокот кажа дека тоа е меѓународен Договор и дека ќе го почитува. Значи, мислам дека не постои прашање за пропаѓање на Договорот, но постои ризик луѓето да не го спроведат и да пропадне на рабовите. Значи, едната страна нема да го направи ова, другата нема да го направи тоа и на крајот очекувањата дека тоа ќе ги приближи двете земји нема да се реализираат, посочи Нимиц. 

За регионот рече дека постојат „повеќе проблеми отколку што мислиме“, кои не се на ниво како во Украина или Блискиот Исток или ривалството меѓу САД и Кина, но можат да излезат од контрола во тој регион. ср/вг/

извор: МИА

Фото: Принтскрин

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

РЕЧИСИ 25.000 ЛУЃЕ СЕ ПРИЈАВИЛЕ ЗА ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ ГРИП Министерството

15/10/2026
Македонија

ОСОМНИЧЕН ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ И ЗА ЕКСПЛИЦИТНИ СОДРЖИНИ

15/10/2026
Македонија

ОЈО ПОВЕДЕ ИСТРАГА ПРОТИВ 20-ГОДИШНИК ОД ТЕТОВСКО Се бара притвор

15/10/2026
Македонија

УАПСЕН КОНДОВЕЦ БАРАН ЗА ТЕРОРИЗАМ На „Блаце“ го чекале две

15/10/2026
Македонија

🎥 НЕВРОЛОГОТ БАРБОВ СЕ ЧУВСТВУВА ЗЛОУПОТРЕБЕН ОД ИВА МИХАИЛОВА Ги

15/10/2026
Македонија

ПАЦИЕНТИТЕ НЕ МОЖАТ ДА ЧЕКААТ Најавени итни мерки и долгорочен

15/10/2026
Македонија

ФБИ СО ЧЕСТИТКИ ДО МАКЕДОНСКАТА ПОЛИЦИЈА ЗА АКЦИЈАТА ПРОТИВ МЕЃУНАРОДЕН

15/10/2026
Македонија

МАНАСИЕВСКИ СО ОБВИНУВАЊА ДО БАРБОВ, ФИЛИПЧЕ И ЗАЕВ Портпаролот прашува

15/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46188
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

РЕЧИСИ 25.000 ЛУЃЕ СЕ ПРИЈАВИЛЕ ЗА ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ ГРИП Министерството ќе обезбеди доволно вакцини

15/10/2026

Речиси 25.000 граѓани досега се пријавиле на линкот vakcinacija.mk за вакцинација против сезонски грип, според информации од системот „Мој термин“.

ОСОМНИЧЕН ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ И ЗА ЕКСПЛИЦИТНИ СОДРЖИНИ СО ДЕЦА Стаса и честитка

15/10/2026

Основното јавно обвинителство Тетово поведе истражна постапка против 20-годишник од селото Голема Речица, осомничен за повеќе кривични дела поврзани со

ОЈО ПОВЕДЕ ИСТРАГА ПРОТИВ 20-ГОДИШНИК ОД ТЕТОВСКО Се бара притвор за администраторот на нелегалниот пазар

15/10/2026

Основното јавно обвинителство Тетово поведе истражна постапка против 20-годишник од селото Голема Речица, осомничен за повеќе кривични дела поврзани со

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy