Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Николовски: Пониска цена на струјата за 5% и евтина тарифа на струјата, СДСМ го штити стандардот на граѓаните
Македонија

Николовски: Пониска цена на струјата за 5% и евтина тарифа на струјата, СДСМ го штити стандардот на граѓаните

17/01/2024

AA

Енергетските политики и мерки на СДСМ и институциите во енергетскиот сектор обезбедија пониски цени за граѓаните на електричната енергија, годината ја почнавме со намалување на сметките за струја за 5% во првиот блок, додека во вториот блок и евтината тарифа остануваат исти, рече членот на ЦО на СДСМ Дарио Николовски на МТВ.

-Сега на располагање е и дополнителен интервал на евтината дневна тарифа од која се очекува заштеда од 1000 денари. Граѓаните сега имаат вкупно 11 часа евтина електрична енергија, а пониски сметки ќе имаат и оние кои ќе влезат во третиот блок. Дури и оние кои ќе влезат во третиот блок ќе имаат пониски сметки. Затоа што таму цената е минимално корегирана и тоа за 2 отсто, што ќе се амортизра со значајното намалување во првиот блок, кумулатлавно“, рече членот на ЦО на СДСМ, Дарио Николовски.

Тој потенцираше дека сега има вкупно 11 часа евтина електрична енергија во денот која е на располагање за граѓаните. Од понеделник до сабота и плус 24 часа во ден недела што практично е над 50% од енергијата во текот на цела недела и таа е во евтин интервал.

Тој се осврна и на реализацијата на капиталниот проект Чебрен, како и на концептот за зголемена енергетска независност, а пониски цени за граѓаните.

СДСМ до сега покажа дека знае тоа го направи, и за две години имаме реализиран инсталиран капацитет на приватната иницијатива од скоро колку три блока РЕК Битола, за разлика од порано. Во годините на енергетското Елдорадо, имаме раст од 150% , само во 2023 во споредба со 2022 година или за две години околу 600mw инсталирана моќност.

„Тоа што одредени структури пропагираа и заговараа квази штетност од реализацијата на капиталниот проект Чебрен откако не се на функција или не се ангажирани во енергетските текови лично, го дефинирам за предизборен политички пазар“, вели Николовски.

Денес имаме раст од вкупниот инсталиран капацитет за 25% за само две години, тоа е зголемување на енергетската независност која се покажа како клучна кога настана енергетската криза и кога дел од земјите дури имаа и рестрикции поради недостаток да обезбедат струја. Кај нас рестрикции немаше, сметките денес се и пониски, а има евтина тарифа, увозот е намален за една третина .
Енергетиката и заштитата на стандардот на граѓаните остануваат во фокус на СДСМ и во 2024 година.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДОЖДОТ ПРЕСТАНУВА, ДОАЃААТ УТРА СО МИНУСНИ ТЕМПЕРАТУРИ Од четврток магла,

03/11/2026
Македонија

СИТЕ СЕ ЗАДОВОЛНИ ОД АКЦИСКИОТ ПЛАН, САМО БУГАРИЈА НЕ Е

03/11/2026
Македонија

„ГЕРЕСХАЈМЕР“ ПЛАНИРА НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА Три нови производствени капацитети

03/11/2026
Македонија

НИКОЛОСКИ ВО ПОТРАГА ПО НОВИ ГЕРМАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ Во Северна Рајна-Вестфалија

03/11/2026
Македонија

📷 МВР УЧЕСТВУВАШЕ ВО ГОЛЕМА АКЦИЈА НА ЕВРОПОЛ Запленети над

03/11/2026
Македонија

📷 МВР УЧЕСТВУВАШЕ ВО РАЗБИВАЊЕ МЕЃУНАРОДНА ИНТЕРНЕТ-ИЗМАМА Запленети над 100

03/11/2026
Македонија

НАД 94% ОД БРОИЛАТА ЗА СТРУЈА РЕДОВНО СЕ ЧИТААТ Во

03/11/2026
Македонија

И ЕУ МОРА ДА ПОКАЖЕ ПОЛИТИЧКА ВОЛЈА Дијалогот со кандидатите

03/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46552
  • Регион 4000
  • Свет 19
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДОЖДОТ ПРЕСТАНУВА, ДОАЃААТ УТРА СО МИНУСНИ ТЕМПЕРАТУРИ Од четврток магла, за викендот постудено

03/11/2026

Времето во среда, 4 ноември, ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд кои кон крајот на денот ќе престанат.

СИТЕ СЕ ЗАДОВОЛНИ ОД АКЦИСКИОТ ПЛАН, САМО БУГАРИЈА НЕ Е Време е Унијата да покаже

03/11/2026

Сите држави во ЕУ се задоволни од македонскиот Акциски план за малцинствата, освен Бугарија, иако документот е изработен со експерти

„ГЕРЕСХАЈМЕР“ ПЛАНИРА НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА Три нови производствени капацитети би можеле да донесат 1.000

03/11/2026

Три нови производни капацитети би можеле да бидат најавени во декември, а со нивното достигнување на полн капацитет се очекува

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy