Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Николовски од Будимпешта: Со силна поддршка од ЕУ, ја подобруваме поврзаноста со регионот и унијата
Економија

Николовски од Будимпешта: Со силна поддршка од ЕУ, ја подобруваме поврзаноста со регионот и унијата

18/11/2024

AA

Ја подобруваме поврзаноста со регионот и ЕУ преку инвестиции во унапредување на инфраструктурата на граничните премини и забрзување на постапките при истовремена ефективна контрола. Истовремено ја зајакнуваме и регионалната и меѓународната соработка која е клучна за размена и мечирање на податоци во синџирот на меѓународната трговија. На овој начин го трасираме патот напред, при што нашата интенција е забрзана интеграција во единствениот пазар на ЕУ и подобрување на конкурентноста на македонската економија. 

Ова беше клучната порака на директорот на Царинска управа, Бобан Николовски, на дводневниот состанок на високо ниво во Будимпешта „Зајакнување на регионалната царинска соработка“ на којашто присуствуваа директорите на царините од Западен Балкан и земјите-членки на ЕУ. Настанот е организиран под покровителство на Националната даночна и царинска агенција на Унгарија во рамки на Унгарското претседателство на Советот на ЕУ. 

Истиот беше отворен со видео порака од еврокомесарот за проширување на Оливер Вархеј кој потенцира дека интеграцијата е многу значајна во процесот на проширување и оти царинските управи имаат клучна улога во овој процес.

На настанот од страна на учесниците беше потенцирано дека интеграцијата во единствениот пазар на ЕУ, соработката помеѓу царините во делот на воспоставување зелени коридори и размена на податоци и предвидливата бизнис клима обезбедува стабилност и раст на економиите.

Директорот Николовски притоа потенцира дека голем дел од постигнувањата се овозможени благодарејќи на силната поддршка на Европската Унија.
„Благодарение на силната поддршка од ЕУ, во моментов работиме на неколку проекти со ИПА грант и национално кофинансирање. Интензивно работиме на отпочнување на проект за автоматизација на терминалите и реконструкција на граничен премин Делчево. Воедно во моментов работиме на воспоставување на нови гранични премини со Бугарија – Клепало и со Грција- Маркова Нога. 

Паралелно работиме на имплементација системот за регистрација и идентификација на економските оператори ЕОРИ 2 чија цел е воспоставување единствен систем за регистрација и идентификација на економските оператори“, истакна Николовски.

Во делот на соработката со Царините на другите земји Николовски истакна дека со Бугарија и Грција веќе се договорени билатерални средби на кои ќе се дискутира за прашања кои се од клучно значење за забрзување на трговијата. Воедно истакна дека денеска ќе биде потпишан и Протокол за елекронска размена на податоци преку SEED со Црна Гора.

На настанот Николовски се осврна и на проектите што ги имплементира Царинската управа во рамки на проектот на Светска банка за олеснување на транспортот и трговијата во Западен Балкан.
Директорот притоа истакна дека во моментов највисок приоритет е финализирање на имплементација на Новиот компјутеризиран систем – Фаза 5, а интензивно се работи и на новиот Царински закон со цел усогласување со царинскиот закон на ЕУ, се со цел подобрување на условите за водење бизнис и побрза интеграција во единствениот пазар на ЕУ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЌЕ СЕ ВОВЕДАТ ЛИ ЕЛЕКТРОНСКИ АЛКИ ПРИ КУЌЕН ПРИТВОР И

16/10/2026
Македонија

„ОД НАВРЕДИТЕ НА ФИЛИПЧЕ ГЛЕДАМЕ ДЕКА ГО ЗАГУБИЛ РАЗУМОТ“ Утре

16/10/2026
Македонија

УТРИНСКИ МРАЗ НА ПОВИСОКИТЕ МЕСТА Сончеви есенски денови со облаци

16/10/2026
Македонија

ЗА СИЛНА БРВЕНИЦА, ДОСТАПНА ЗА СИТЕ Мицкоски ги повика жителите

16/10/2026
Македонија

🎥 ЖЕНА ТЕПА СО ТУПАНИЦИ ПОСТАРА ЖЕНА КОЈА СТОИ СО

16/10/2026
Македонија

МИНИСТЕРОТ ЌЕ СЕ ВАКЦИНИРА КАКО ПАЦИЕНТ ОД РИЗИЧНА ГРУПА Клековски

16/10/2026
Македонија

ВЕЌЕ НЕ ТРЕБА ДА СЕ ПАТУВА ДО СКОПЈЕ ЗА ДА

16/10/2026
Македонија

АРМИЈАТА НАСКОРО ДOБИВА ДВА ТРАНСПОРТНИ ХЕЛИКОПТЕРА, А ПОТОА УШТЕ ШЕСТ

16/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46213
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЌЕ СЕ ВОВЕДАТ ЛИ ЕЛЕКТРОНСКИ АЛКИ ПРИ КУЌЕН ПРИТВОР И КУЌЕН ЗАТВОР? Јанев и Пандов

16/10/2026

Актуелните состојби во казнено-поправните установи, со посебен акцент на КПУ „Идризово“ и КПУ „Скопје“ се дел од темите на кои

„ОД НАВРЕДИТЕ НА ФИЛИПЧЕ ГЛЕДАМЕ ДЕКА ГО ЗАГУБИЛ РАЗУМОТ“ Утре може да ги продаде и

16/10/2026

Навредите кои Венко Филипче ги упатил синоќа од Брвеница укажуваат дека станува збор за личност која го загубила разумот, која

УТРИНСКИ МРАЗ НА ПОВИСОКИТЕ МЕСТА Сончеви есенски денови со облаци и со ветер

16/10/2026

Времето утре ќе биде сончево со умерена локална облачност, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб до умерен ветер

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy