Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Николова: Хаос со актите во образование, се бара училиштата да работат спротивно на Закон
Македонија

Николова: Хаос со актите во образование, се бара училиштата да работат спротивно на Закон

26/06/2025

AA

Пратеничката на СДСМ Даниела Николова во рамките на собраниската седница посветена на пратенички прашања упати прашање до министерката за образование Весна Јаневска, во врска со дописот упатен од БРО до училиштата за водење Главна книга, кој е спротивен на Законот за основно образование, што претставува системско непочитување на правниот поредок и создавање хаос на терен.

 Во продолжение интегрален текст на прашањето:

„Имено во изминатиот период до училиштата е испратен допис од БРО за пополнување на Главната книга за учениците од 1- 3 одделение.

 Уште веднаш сакам да истакнам дека сум поборник за намалување на административната работа која ја имаат наставниците со цел тие да можат да се фокусираат на наставата, што е приоритетна работа.

Но, каде е проблемот со овој допис? Испратениот допис до училиштата  од страна на  БРО за водење на Главна книга за учениците од 1–3 одделение е без архивски број, нема печат и нема потпис. Освен формалниот пропуст, суштинскиот пропуст е што содржината на дописот не е во согласност со Правилникот за педагошка евиденција и Законот за основно образование.

Главната книга е документ од трајна вредност. Упатства кои не се засновани на нормативни акти не можат да бидат обврзувачки. Ова не е административна грешка, туку пример за системско непочитување на правниот поредок и создавање хаос на терен.

Ова е само уште еден доказ колку несериозно се однесувате кон образованието, каков хаос создавате. Вие, не мислам лично вас, туку на ВМРО-ДПМНЕ,  практично промовирате непочитување на Закони. За вас очигледно непотпишан документ е над Законите во државата. Законите од образование ги менувате секој месец. Можевте да направите измена и во Законот за основно образование во член 92. Ама немате добар тим кој може да носи добри мерки и политики во образованието.

Ве прашувам: Според кој акт ќе треба да постапуваат во училиштата, бидејќи и наставниците и директорите го поставуваат ова прашање: Законот, Правилникот или непотпишаниот допис од БРО? Кој ќе ја  сноси одговорноста ако училиштата постапиле согласно незаконитите акти?“

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy