Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Николов: Се утврдуваат потреби за долгорочно лекување во надворешните центри на пациентите во втора фаза
Македонија

Николов: Се утврдуваат потреби за долгорочно лекување во надворешните центри на пациентите во втора фаза

06/04/2025

AA

Денеска доктор Игор Николов, контакт лице за состојбата на пациентите од пожарот во дискотеката во Кочани информираше дека се утврдуваат потреби за долгорочно лекување во надворешни центри во втора фаза.

Николов потврди дека има понуди од земји да третираат или за долгорочна рехабилитација да водат пациенти.

– Во моментов, на Пластична хирургија е само пациентка вратена од Унгарија. Тројца пациенти се отидени на домашно лекување, со препорака за редовни контроли. Во „Свети Наум Охридски“ има шестмина пациенти. Сите се стабилни, се очекува испис утре. На Токсикологија има двајца пациенти. И двајцата се стабилни. Во ГОБ „8 Септември“ нема пациенти во моментов, појасни Николов.

Шеесет и девет пациенти од пожарот во дискотеката во Кочани сѐ уште се лекуваат во странство. Засега, нема планирано враќање на некој од нив во текот на денешниот ден.

Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна рано наутро на 16 март. Шеесет лица го изгубија животот во трагедијата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Сè уште активен пожарот кај Стенковец, избиле уште два на

06/09/2026
Македонија

Маж од скопско Драчево е осмата жртва од западнонилска треска

06/09/2026
Македонија

Гори дива депонија кај Стенковец, Ангелов: Ова што се случува

06/09/2026
Македонија

Ангелов: Пожарот кај Рамно го замириса Скопје, активни се над

06/09/2026
Македонија

Ер-трактори упатени кон Брвеница: Огнот кај Милетино се заканува на

06/09/2026
Македонија

Изложба на олдтајмери во Кавадарци: Најстариот автомобил има 98 години

06/09/2026
Македонија

Се огласија од Владата за приведениот возач: Законите важат за

06/09/2026
Македонија

Симон Трпчески со триумфални концерти во Токио одбележа 20 години

06/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45502
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Сè уште активен пожарот кај Стенковец, избиле уште два на отворен простор

06/09/2026

Пожарот кај Стенковец сè уште е активен, а во неговото гаснење се ангажирани скопските пожарникари. Во меѓувреме, попладнево избиле уште

Маж од скопско Драчево е осмата жртва од западнонилска треска

06/09/2026

Пациент на возраст од 70 години од скопската населба Драчево е осмата жртва од западнонилската треска годинава. Тој се лекувал

Гори дива депонија кај Стенковец, Ангелов: Ова што се случува е нехумано

06/09/2026

Нов пожар попладнево избувна во непосредна близина на спортскиот аеродром Стенковец, каде што е зафатена дива депонија. Над местото се

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy