Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Николоски: Земјите на Коридор 10, Македонија, Грција, Србија, Унгарија и Австрија ќе потпишеме Договор за брза пруга 
Македонија

Николоски: Земјите на Коридор 10, Македонија, Грција, Србија, Унгарија и Австрија ќе потпишеме Договор за брза пруга 

05/12/2025

AA

Македонија, Грција, Србија, Унгарија и Австрија ќе потпишеме Договор за брза пруга  на Коридор 10 со кои се обврзуваме да воспоставиме брз транспорт, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски по средбите во Брисел со претставници од ЕУ и министрите за транспорт од регионот на Министерскиот совет. Тој најави дека на иницијатива на Австрија ќе се потпише и Договор за доизградба на Коридор 8.     

“Она што очекував дека ќе се случи се случува, а тоа е дека ќе потпишеме заедничка декларација Грција, Македонија, Србија, Унгарија и Австрија за изградба на железнички коридор 10, нешто што беше подготвено од минатата година, но за жал заради несреќата во Нови Сад тоа беше одложено. Тоа е многу значајно за нас бидејќи нема поента да потрошиме над 2 милијарди евра, а другите држави да не градат. Ќе се обврзе Грција да го заврши делот од над Солун до Гевгелија. До јануари ќе ја завршат сигнализацијата до Гевгелија, ќе има најмодерна сигнализација и после тоа ќе почнат да работат на двоколосечна пруга, што значи дека едноколосечната пруга веќе до јануари ќе биде со брзина до 120 км на час за карго што значи дека возовите многу побрзо ќе одат до солунското и атинското пристаништа. Понатаму ќе треба да ја работат и втората линија која треба да биде патничка и ќе се поклопи со горе/долу 2030 година период кога и ние ќе ги завршиме двете линии, додека првата карго линија ќе биде готова 2028 година.

Понатаму, Србија треба да го изгради делот што недостасува од граница до Ниш, Белград – Будмипешта е готова и ја ставаат во функција, а Будимпешта -Виена постои како брза пруга, што е една одлична вест за Коридор 10.  Исто така на иницијатива на Австија ќе потпишеме и Договор за Коридор 8, за да Албанија се обврзе да гради затоа што нема поента ние да трошиме средства, Бугарија да троши, а Албанија да не го прави истото, бидејќи треба да се поврземе од Драч до Црното море” –  истакна Николоски.

Тој додаде дека визијата на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ,  Македонија  да стане центар на Балканот, во овие година и половина почнува да дава резултати и како факти ги истакна овие меѓународни средби и средства што се одвојуваат за крупните капитални проекти.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Ахмети со честитка по повод Независноста на Македонија: Албанците не

08/09/2026
Македонија

Сиљановска Давкова: Независноста е трајна задача – да ја градиме

08/09/2026
Македонија

Земјотрес ја стресе Македонија, еве каде бил епицентарот

08/09/2026
Македонија

Осуденик пронајден починат во затвор Идризово

07/09/2026
Македонија

19-годишна девојка загина во несреќа на локалниот пат с.Пиширово-с.Црнилиште

07/09/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова: По примерот на 1991 година, потребни ни се единство

07/09/2026
Македонија

Тошковски со детали за убиството во Чаир: Опфатени се познати

07/09/2026
Македонија

Нови откритија на „Старо Бонче“: Средновековни гробови потврдуваат дека локалитетот

07/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45535
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Ахмети со честитка по повод Независноста на Македонија: Албанците не бараа друга држава, туку еднаквост

08/09/2026

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, по повод 35-годишнината од независноста на Република Северна Македонија упати порака

Сиљановска Давкова: Независноста е трајна задача – да ја градиме Македонија за младите да останат

08/09/2026

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска упати честитка по повод 35 години независна Македонија. „Пред  35 години го доживеавме нашиот трет Илинден,

Земјотрес ја стресе Македонија, еве каде бил епицентарот

08/09/2026

Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда, ML 3.9. е регистриран утрово во 5 часот и 40 минути во епицентралното подрачје Охрид-Струга,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy