Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Николоски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за еден мандат ќе инвестира 34 милиони евра за инфраструктурни проекти во општина Прилеп
Македонија

Николоски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за еден мандат ќе инвестира 34 милиони евра за инфраструктурни проекти во општина Прилеп

11/02/2024

AA

Денеска сме тука да го видиме и да го слушнеме отчетот кој што градоначалникот ќе го даде за 2 години работа во општина Прилеп.

Би сакал да искажам поддршка, но исто така и задоволство од она кое што е сработено до сега.

Ние како политичка партија која што стои позади мнозинството во советот и го кандидираше градоначалникот за градоначалник сме исклучително задоволни од работата во општина Прилеп, и сметаме дека она што се случува во изминатите две години е навистина позитивно.

Градоначалникот зборуваше за изминатите проекти, на презентацијата ќе оди и детално. Јас би сакал да кажам неколку збора за иднина.

Она што ќе биде наше основно ветување во кампањата која почнува за парламентарните избори е дека буџетот во дел на капитални инвестиции или расходи ќе се децентрализира, и дека голем дел од средствата ќе се спуштаат директно во општините.

Конкретно за општина Прилеп планираме во еден четири годишен мандат да се потрошат 34 милиони евра за капитални инвестиции или по година тоа е 8.5 милиони евра. Тоа се средства кои што градот никогаш претходно не ги видел, средства со кои што целосно градот инфраструктурно ќе се преобрази, дали зборуваме за инфраструктура во делот на водоводи, канализации, патна инфраструктура, изградба на плоштади, заштита на старо градско јадро или зборуваме во делот на образование на изградба на училишта, пред школска возраст изградба на градинки, примарна здравствена заштита, изградба на амбуланти и поддршка на докторите од примарната заштита, социјални грижи, субвенции и сето она што може да вклучи една работа на општина.

Така што овие средства дополнети со буџетот на општината кои што сега секако останува и ќе ги дополнува овие средства во рок од 4 години треба да не донесе до ситуација да градот целосно се прероди и имаме комплетна нова слика.

Ова паралелно со силната битка со организиран криминал и корупција која што ќе се случи и првите резултати ќе се видат уште во првите 100 дена, каде што оние за кои има сомнежи ќе бидат изведен и пред лицето на правдата, како и силниот интензитет на поддршка на стопанството и на домашните и странските инвестиции, а пред се поддршка на извозот затоа што ние сме мала држава и мораме да стимулираме е извозни фирми кои што ќе носат работни места и пари во Македонија.

Овие три работи заедно ќе направат многу попријатно место за живеење.

Уште еднаш сакам да искажам поддршка на градоначалникот Борче Јовчески, но исто така да се заблагодарам и на претседателот на совет Проданоски, на пратениците Лашкоска и Ристески кои што заеднички работат градот да оди напред. А после изборите и со наша помош ќе гледаме многу поголеми дела.

Интегрално соопштение од ВМРО-ДПМНЕ

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРИЛЕПЧАНЕЦОТ ВИКТОР ИЛИОСКИ ПРОНАЈДЕН МРТОВ Трагичен крај на потрагата по

16/02/2026
Македонија

ССМ утре ќе ја блокира Владата: Трендафилов најавува генерален штрајк 

16/02/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ОСТАНУВА ДОВЕРЛИВ ПАРТНЕР НА НАТО Продолжуваме со зајакнување на

16/02/2026
Македонија

Трагично заврши потрагата по исчезнатиот Виктор Илиоски од Прилеп

16/02/2026
Македонија

СОБРАНИЕТО ЌЕ ОДРЖИ ОСМОМАРТОВСКА СЕДНИЦА Гаши им порача на пратениците

16/02/2026
Македонија

Пожар во куќа во Македонска Каменица: Спасен 80-годишен маж

16/02/2026
Македонија

МЕНАЏЕР ВО ПРОДАВНИЦА ВО ЧАИР СИ ПРИСВОИЛ 45.000 ЕВРА И

16/02/2026
Македонија

ПОЛИЦАЈЦИ СПАСИЈА 80-ГОДИШЕН МАЖ ОД ЗАПАЛЕНА КУЌА Бил заглавен на

16/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41536
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРИЛЕПЧАНЕЦОТ ВИКТОР ИЛИОСКИ ПРОНАЈДЕН МРТОВ Трагичен крај на потрагата по него

16/02/2026

Во кругот на Градската општа болница-Прилеп денеска попладне околу 16 часот пронајдено е безживотното тело на В.И. (40) од Прилеп,

ССМ утре ќе ја блокира Владата: Трендафилов најавува генерален штрајк 

16/02/2026

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) најави дека утре во 11 часот ќе ја блокира Владата со 21 синдикален претставник.

МАКЕДОНИЈА ОСТАНУВА ДОВЕРЛИВ ПАРТНЕР НА НАТО Продолжуваме со зајакнување на одбраната и колективната безбедност, вели

16/02/2026

Како делегација составена од повеќе партии, во моментов сме на посета во седиштето на НАТО, во Брисел, каде што оддаваме

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy