Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Николоски до кандидатите за Комесар за човекови права во Европа: Почитување на човековите права на Македонците во Бугарија и Грција е услов за мојата поддршка
Македонија

Николоски до кандидатите за Комесар за човекови права во Европа: Почитување на човековите права на Македонците во Бугарија и Грција е услов за мојата поддршка

02/12/2023

AA

Овие два дена во Париз се одржува Комисијата за правни прашања и човекови права на Парламентарното собрание на Советот на Европа. Најбитната точка која што се разгледува е изборот за Комесар за човекови права.

Можеби една од најзначајните институции во Европа имајќи предвид дека директно се занимава со човековите и малцински права кои што се под опасност во многу земји во рамки на европскиот континент.

Има три кандидати, едната е г-ѓа Кунева од Бугарија, вториот е г-дин Новак од Австрија и третиот е г-динот О`Флаерти од Ирска.

Тројцата ги прашав истото прашање со цел да одлучам кого од овие три кандидати би поддржал, а тоа е прво ќе направат, заштита на човековите и малцински права на македонското малцинство во Бугарија, во Грција имајќи предвид дека правата на овие две малцинства се сериозно загрозени, односно дека Македонците во Бугарија и Грција не можат да го користат својот мајчин јазик во образованието, немаат права да се здружуваат нити во здруженија на граѓани, нити во политички партии,  уште помалце имаат право да се искажуваат себе си како Македонци.

Исто така тројцата ги прашав и што ќе направат за спроведување на пресудите на Европскиот суд за човекови права во Стразбур кои се однесуваат на Македонците во Бугарија, а кои пресуди се во директна надлежност на Комесарот за човекови права во Европа.

Побарав да се заложат за спроведување на пресудите кои се поврзани директно со правата на Македонците во делот на самоидентификација, во делот на правото на здружување и во делот на употребата на мајчиниот јазик во процесот на образование во Бугарија.

Сметам дека ова е нешто на што треба заеднички да работиме и сметам дека идниот Комесар за заштита на човековите права во Европа треба да го има ова како приоритет.

Можам  да кажам дека ќе продолжам да правам силен притисок врз овие три кандидати до изборот на еден од нив на јануарската сесија на Парламентарното собрание во Стразбур со цел правата на Македонците и во Бугарија и во Грција да бидат заштитени согласно Европската Конвенција за човекови права како и Повелбата за малцински јазици и Повелбата за заштита на националните малцинства кои всушност ги има донесено Советот на Европа, а ги има поддржано и Европската Унија.

Заштитата на основните човекови права треба да е приоритет број еден во следниот период и сметам дека и македонската влада треба силно да се ангажира, а не само ВМРО-ДПМНЕ како опозиција.

Интегрално соопштение од ВМРО-ДПМНЕ

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Кои се уапсените Муса Џавит и Сенафи Нуредини?

11/07/2026
Македонија

Градежен работник од Куманово загина при пад од висина во

11/07/2026
Македонија

Скопје ја презема истрагата за летот на „Рајанер“, патник за

11/07/2026
Македонија

Мицкоски дециден: Нема да потпишам капитулација за Уставот, ако народот

11/07/2026
Македонија

Јаневска најави затворање на нелегални универзитети, под клуч веќе се

11/07/2026
Македонија

Најавите за работа до 72 години ја брануваат јавноста

11/07/2026
Македонија

Филмско бегство во Кочани: Осомничен за дрога избега преку прозорец

11/07/2026
Македонија

Андоновски: Дијаспората треба да гласа електронски, за три години дигитализацијата

11/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44314
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Кои се уапсените Муса Џавит и Сенафи Нуредини?

11/07/2026

Еден од најозлогласените криминални картели кој доминира во скопското подземје е групата позната како „Беланоца“, која во одредени оперативни извештаи

Градежен работник од Куманово загина при пад од висина во Гази Баба

11/07/2026

Тешка несреќа на работа со смртни последици се случила вчера во раните попладневни часови во скопската општина Гази Баба. Како

Скопје ја презема истрагата за летот на „Рајанер“, патник за малку ќе биде вовлечен во

11/07/2026

Македонските воздухопловни власти, а не грчките, ќе ја раководат меѓународната истрага за застрашувачкиот инцидент на летот на авиокомпанијата „Рајанер“ (извршен

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy