Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НИКАКО ДА СЕ СИМНАТ ОД ТОП ЛИСТАТА НА ДРЖАВНИ ДОЛЖНИЦИ – фирмите ќерки на ЕСМ за парното со вкупен долг од 37 милиони евра
Економија

НИКАКО ДА СЕ СИМНАТ ОД ТОП ЛИСТАТА НА ДРЖАВНИ ДОЛЖНИЦИ – фирмите ќерки на ЕСМ за парното со вкупен долг од 37 милиони евра

18/12/2023

AA

Двете
друштва на ЕСМ кои го обезбедуваат Скопје со електрична енергија, и во третиот
квартал од годинава се меѓу десетте најголеми државни должници, со најголем процент на
доспеани, а неплатени обврски. Истата состојба беше регистрирана и на крајот на
првото полугодие од годинава.

Според
најновиот извештај на Министерството за финансии, ЕСМ Дистрибуција на топлина
ДООЕЛ Скопје на крајот на третиот квартал од годинава имала вкупен неплатен
долг од 26 милиони евра, со што е трета на листата на најголеми државни должници.

Сепак,
оваа сума на долг е само нешто пониска, или прецизно за 1,7 милиони евра е
помала од состојбата на крајот на вториот квартал од годинава, кога долгот на
ЕСМ Дистрибуција на топлина изнесувал 27,7 милиони евра.

Притоа, пак, треба да се има
предвид и извештајот за државните
должници на крајот на првиот квартал од годинава, од кој може да се види дека ЕСМ
Дистрибуција тогаш должеле 22,5 милиони евра. Ова значи дека за само три
месеци, фирмата ќерка на ЕСМ која е задолжена за дистрибуцуија на топлинската
енергија до 60 илјади скопски домаќинства, го зголемила својот неплатен долг за
5,2 милиони евра, но во наредните три месеци, пак, го намалила за 1,7
милиони евра.

Сепак,
трендот не е поволен, со оглед на фактот што овој дел на ЕСМ, односно ЕСМ за
дистрибуција на топлина, досега не фигурираше како голем државен должник, за
сега, откако тие го презедоа обезбедувањето на парното греење, да се најде како
трет на листата на најголеми државни борчлии.

Исто
така, на крајот на септември оваа година, уште една компанија на ЕСМ поврзана со парното, односно ЕСМ
снабдување,
има регистрирано долг од 10,6 милиони евра. Ова е
прилично значаен долг, иако и овде мора да бидеме искрени и да признаеме дека
во споредба со три месеци претходно, таа задолженост била уште повисока и
изнесувала 13,5 милиони евра. Што значи дека за период од еден квартал, односно
третиот, вкупните досепеани а неплатени обврзки на ЕСМ Снабдување со топлина се
намалиле за близу три милиони евра.

Со
ова ниво на долг ЕСМ снабдување на крајот на третиот квартал е на седмо место
на најновата листа на десет најголеми државни должници во земјава.

Сепак,
ако се направи споредба со крајот на
март, долгот на ЕСМ снабдување тогаш бил само 12 илјади евра, и оваа компанија била
многу долу на листата на државни должници. Значи, практично за шест
месеци е натрупан голем долг од над 10 милиони евра кој компанијата ќе мора да
најде начин како да го подмири.

Додека, пак, ЕСМ производство на топлинска
енергија, нема
неплатени
обврски кон доверителите.

Како што е познато, сѐ
до лани, односно до грејната сезона 2021/2022 година, скопјани беа снабдувани
со парно од БЕГ, приватна компанија, која потоа не можеше да ги издржи високите
цени на гасот и се откажа од лиценците за обезбедување на топлинска
енергија. Потоа државата топлинската енергија ја зеде под свое, и
производството, снабдувањето и дистрибуцијата им го довери на компаниите на
државното ЕСМ, кое склучи и нови договори со потрошувачите. 
На крајот на март беше обелоденето
дека БЕГ останува должен со 4,6 милиони евра обврска кон државата, по заемот
што го доби со настапувањето на енергетската криза. 
Во меѓувреме ЕСМ со
посредништво на РКЕ направи „компензациски
договор“ со БЕГ, согласно кој требаше да се обиде да ги наплати обврските од
август па натаму. 
Враќањето на средствата кон ЕСМ требаше да се
реализира најдоцна до усвојување на годишната завршна сметка за 2022 година за
БЕГ, односно март 2023 година.

Неодамна
објавивме дека според сознанијата на Фактор,
ЕСМ снабдување во изминатиот период немале добра наплата на сметките за парно
од скопските граѓани,
а дополнително, фирмата не сакала да оди со наплата на своите
побарувања со извршители, што дополнително го отежнува прибирањето на парите за
испорачаната топлинска енергија.

Инаку,
традиционално, АД МЖ Транспорт е најголем должник на крајот на третиот квартал,
со доспеан а неплатен долг од 68,6 милиони евра, додека, пак, на втората
неславна позиција е МЖ Инфраструктура, со неподмирени обврски од 34,5 милиони
евра. Сличен долг имале и на крајот на
вториот квартал од годинава, и тоа МЖ Транспорт 69,6 милиони евра, а МЖ Инфраструктура исто – 34,5
милиони евра.

Владата
на 10 ноември му исплатила вонредни 16 милиони евра на Македонски Железници –
Транспорт за да ги расчисти навремено долговите за електрична енергија. Овие
убедливо рекордни пари ги добија наменски надвор од редовните субвенции од Министерството за
транспорт за превоз на патници и самофинансирачкиот буџет за товарен
транспорт.Ова е убедливо највисока ваква
сума што Владата му ја исплаќа на МЖ Транспорт, откако и лани пред крајот на
годината легнаа 3,3 милиони евра, за да
може да го плати долгот кон ЕВН поради кој дојде до кратко исклучување на струјата. 

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

5 ВОЗАЧИ ДИВЕЕЛЕ НА ПАТИШТАТА Фатени за безобѕирно возење, без

12/04/2026
Македонија

ЦИКЛОНОТ ОД ЏЕНОВА ЌЕ ДОНЕСЕ ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ По празниците нè

12/04/2026
Македонија

МЕРКАТА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ ВО ПОДЕМ КАЈ МЛАДИТЕ Речиси 1.900 бизниси

12/04/2026
Македонија

ПУКАЛ ВО НОЌТА КОН ВОЗИЛО НА КУМАНОВЕЦ Во Кратовско приведен

12/04/2026
Македонија

Уапсено уште едно лице откако полиција пронашла повредено куче од

12/04/2026
Македонија

РАЗОТКРИЕН СЛУЧАЈ СО БОРБИ СО КУЧИЊА ВО ТЕТОВСКО Нашле куче

12/04/2026
Македонија

Малолетник со нож повредил друг малолетник пред игротека во Шуто

12/04/2026
Македонија

ПЕТАР: Случајот со Ивана и Катја е аларм за длабока

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42411
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

5 ВОЗАЧИ ДИВЕЕЛЕ НА ПАТИШТАТА Фатени за безобѕирно возење, без дозвола, со забрана и со

12/04/2026

Пет возачи се лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата поради безобѕирно управување со возило,

ЦИКЛОНОТ ОД ЏЕНОВА ЌЕ ДОНЕСЕ ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ По празниците нè чекаат дождови и грмотевици

12/04/2026

Во текот на новата седмица односно во периодот од 13 до 19 април 2026 територијата на Македонија ќе биде под

МЕРКАТА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ ВО ПОДЕМ КАЈ МЛАДИТЕ Речиси 1.900 бизниси се отворени, вели ВРЕДИ

12/04/2026

Младите се двигател на развојот, државата ги отвора вратите на пазарот на трудот, вели коалицијата ВРЕДИ  истакнувајќи дека со  Оперативниот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy