Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Невообичаена спасителна акција преку 112 на ЦУК, преку „СОС“ копче на возилото после сообраќајна незгода
Македонија

Невообичаена спасителна акција преку 112 на ЦУК, преку „СОС“ копче на возилото после сообраќајна незгода

30/07/2023

AA

Синоќа во периодот до 24.00 часот, имаше невообичаена спасителна акција преку Единствениот број за итни случаи 112 на ЦУК, при што помогна во почетокот вградената аудио „СОС“ опрема („СОС“ копче) на возилото после сообраќајната незгода на раскрсницата Струга – Охрид, во близина на бензинската пумпа на „Макпетрол“.

Конкретно, на Единствениот европски број за итни случаи 112 во ЦУК била побарана помош за повредено лице во возило од сообрќајка преку „СОС“ копчето, што е вградено во некои видови возила од поново производство. Лицето во моментот на јавувањето било снеможено и во возилото и ја повторувало само локацијата на сообраќајката. Во момент кога операторот од 112 во ЦУК остварувал врска со Итната медицинска помош и со МВР, околу возилото дошле и граѓани кои ја забележале сообраќајката и доѓле да помогнат. Операторката од ЦУК стапила во врска со еден од граѓаните којшто и ја опишал ситуацијата, зашто возачот не можел да зборува и не се слушал добро на автоматскита аудио опрема што била вградена во неговото возило. Брзо реагирала Итната медицинска помош и Полицијата и возачот бил спасен.

Инаку „СОС“ копчето, при поголем удар на возило, во коешто е вградено, е програмирано автоматски да дава информација на Единствениот европски број за итни случаи 112 во било која европска држава и пошироко, дека најверојатно се случила сообраќајна незгода, а лицето што го управува автомобилот не е во состојба да се јави. Тоа копче може и случајно да се вклучи, но по остварениот контакт со операторот на Единствениот број за итни случаи 112 на ЦУК, обично јавувачите до сега се извинувале, со благодарност за контактот и го исклучувале „СОС“ копчето.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Вработен во Итна помош агресивно се однесувал кон вработени во

10/08/2026
Македонија

Топлотниот бран не попушта: Ова е прогнозата за следните две

10/08/2026
Македонија

Жители на Драчево алармираат: „Од паркингот направија депонија, страшно смрди“

10/08/2026
Македонија

МВР: Селекцијата за полициското училиште е во тек, сите кандидати

10/08/2026
Македонија

Истрагата за загадената вода во Гостивар во напредна фаза, Финансиската

10/08/2026
Македонија

32 пакувања марихуана пронајдени во пратка за затвореник во „Идризово“

10/08/2026
Македонија

Во Драчево граѓаните во паника веднаш бараат лекарска помош по

10/08/2026
Македонија

Ѝ го украле ранецот на 67 годишна пензионерка во Центар,

10/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44951
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Вработен во Итна помош агресивно се однесувал кон вработени во здравствена установа, и им се

10/08/2026

На 09.08.2026 во 19:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 16:50 часот во здравствена установа на подрачјето на

Топлотниот бран не попушта: Ова е прогнозата за следните две недели

10/08/2026

Во следните две недели не очекува претежно сончево и исклучително топло време, со високи дневни температури кои на моменти ќе

Жители на Драчево алармираат: „Од паркингот направија депонија, страшно смрди“

10/08/2026

До редакцијата на 4NEWS.MK се обрати читател од Драчево, кој алармира за сериозен проблем со натрупување отпад на паркинг-просторот спроти

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy