Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Невидена гужва на табелата во Првата лига – четири екипи на еден бод разлика
Спорт

Невидена гужва на табелата во Првата лига – четири екипи на еден бод разлика

03/11/2024

AA

Со дуелот меѓу Пелистер и Вардар, вечерва ќе биде заокружено 13. коло од Првата македонска фудбалска лига, но тој дуел не може ништо значајно да смени во горниот дел од табелата.

Таму, ситуацијата е крајно драматична и невидена досега кога станува збор за оваа етапа од првенството. Дури четири екипи се наоѓаат на само еден бод разлика, а ако се земе предвид и петтопласираната Струга, речиси половина лига е на растојаните на три бода.

Осамен на првото место е Работнички со 25 бода по што следуваат Шкендија, Силекс и Гостивар со по 24. Струга е петта со 22. Тука веројатно завршува кругот на кандидати за титулата бидејќи далеку назад е Шкупи со 16 бода.

Досегашниот дел од оваа сезона ја одбележуваат малиот број голови, а големиот број нерешени резултати. На пример, лидерот Работнички во моментов е во серија од три реми натпревари, Шкендија играше нерешено на четири од последните пет меча, а Пелистер е во серија од четири „нули“ пред денешниот меч со Вардар. Работнички и Пелистер имаа по седум нерешени натпревари сезонава, Шкендија, Гостивар и Тиквеш по шест, Воска пет итн.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Археолошки сензации кај битолско Црнобуки: Откриени над 400 монети, меѓу

03/07/2026
Македонија

Голем пожар кај пробиштипското село Бучиште: Сите сили се на

03/07/2026
Македонија

Несреќа на патот Штип-Пробиштип: Бегајќи од огнените јазици, автомобил предизвика

03/07/2026
Македонија

Четири пријави за семејно насилство во последното деноноќие

03/07/2026
Македонија

Кривична пријава за осум трудови инспектори: Со години „мижеле“ пред

03/07/2026
Македонија

Полициска акција низ Македонија: Приведени 23 лица, запленета дрога во

03/07/2026
Македонија

Полицијата приведе 18 возачи поради безобѕирно возење, меѓу нив и

03/07/2026
Македонија

Гори ридот над Штип, огнот опасно блиску до куќите

03/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44142
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Археолошки сензации кај битолско Црнобуки: Откриени над 400 монети, меѓу нив и со ликовите на

03/07/2026

Повеќе од 400 антички монети се пронајдени во текот на петгодишните систематски ископувања на археолошкиот локалитет Градиште кај битолското село

Голем пожар кај пробиштипското село Бучиште: Сите сили се на терен, Општината апелира да не

03/07/2026

Голем пожар избувна претпладнево во пробиштипскиот регион, кој поради брзото ширење веќе го зафати реонот околу селото Бучиште, соопштија од

Несреќа на патот Штип-Пробиштип: Бегајќи од огнените јазици, автомобил предизвика директен судир!

03/07/2026

Тешка сообраќајна несреќа се случи на патниот правец Штип-Пробиштип, како директна последица на големите пожари кои беснеат во овој регион.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy