Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Нетфликс, Гугл, Мета, Епл започнуваат со плаќање на данок во Македонија
Економија

Нетфликс, Гугл, Мета, Епл започнуваат со плаќање на данок во Македонија

02/01/2024

AA

Нетфликс, Гугл, Мета, Епл – сите овие гиганти ќе плаќаат данок на додадена вредност (ДДВ) во земјава од 1 јануари. Ова е предвидено во измените во Законот за ДДВ, а Управата за јавни приходи ова го најави точно за Нова Година.

„Со последните измени и дополнувања на Законот за данокот на додадена вредност објавени во Службен весник на Република Северна Македонија во бр.199/2023 од 25.09.2023 година, се воведе обврска за назначување на даночен застапник и пријавување за целите на ДДВ на странските лица кои немаат седиште, ниту подружница на територијата на Република Северна Македонија, а вршат промет на добра и услуги кои поделжат на данок на додадена вредност во земјата“, информира УПЈ на својата веб-страница.

Насловот на информацијата на УЈП е нагласен со „НОВО!!! Од 01 јануари задолжително назначување на даночен застапник за ДДВ на странскмо лице кое врши промет на добра и услуги на територијата на Република Северна Македонија“.

Според текстот на Законот, данокот во име на овие компании ќе го плаќаат даночни застапници. На пример, досега за да ги гледате омилените серии на „Нетфликс“ плаќавте електронски. Од тие пари компанијата што нуди услуга во земјава не ѝ плаќаше данок на државата. Слично е и со некоја апликација што сте ја симнале од „Плеј стор“ (Play store) и за тоа сте ѝ платиле на компанијата, но таа не ѝ платила данок на Македонија. Овие компании имаат обврска да изберат даночен застапник што во нивно име ќе плаќа данок кон македонската Управа за јавни приходи (УЈП).

– Пропишаната законска обврска странското лице треба да ја исполни пред отпочнувањето на вршењето на оданочивиот промет во земјата, а при регистрацијација не се зема во предвид вкупниот промет од 2 милиони денари пропишан во членот 51 ставот (1) од Законот за данокот на додадена вредност, се појаснува во соопштението.

За даночен застапник може да биде назначено секое правно или физичко лице кое е регистрирано за цели на данокот на додадена вредност најмалку 12 месеци пред поднесување на пријавата и кое нема доспеани и неплатени даночни обврски. За правните лица како услов е наведено да немаат и стечајна или ликвидациона постапка, а физичките лица не треба да се правосилно осудени за кривични дела. 

Обврската на даночниот застапник ќе биде да го пресметува данокот на додадна вредност врз основа на добиените пресметки од странското лице, да поднесува пријава за ДДВ во име на странското лице по истекот на секое тримесечје, да го плаќа данокот и пресметаната камата во случај кога странското лице не ја извршило уплатата во законски пропишаниот рок и да води евиденции за извршениот оданочен промет од страна на странското лице. 

Во Службен весник веќе е објавен Правилник за начинот на пријавување и регистрација на странско лице, начинот на водење на регистарот на даночни застапници, формата и содржината на регистарот на даночни застапници, формата и содржината на пријавата за регистрација за целите на данокот на додадена вредност како и потребната документација за назначување даночен застапник.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВО СДСМ СЕ НЕРВОЗНИ ЗАТОА ШТО ГРУБИ МОЖЕ ДА СВЕДОЧИ

24/02/2026
Македонија

НИЕДНА ЗЕМЈА НЕМА БЕСКОНЕЧНО ДА ЧУВА БЕГАЛЕЦ КОЈ Е НА

24/02/2026
Македонија

АРТАН ГРУБИ ЌЕ ОДИ ВО КУЌЕН ПРИТВОР Според Обвинителството, ќе

24/02/2026
Македонија

АРТАН ГРУБИ СИ ОТИДЕ ДОМА Судот му определи куќен притвор,

24/02/2026
Македонија

ЌЕ ДУВА ВЕТЕР СЕКОЈ ДЕН ДО КРАЈОТ НА НЕДЕЛАТА Следува

23/02/2026
Македонија

ВИДЕО 83-годишна кумановка преживеала напад од осомничениот сериски убиец: „Додека

23/02/2026
Македонија

ЗОШТО ВРХУШКАТА НА СДСМ СЕ РАСПРАШУВАШЕ ШТО КАЖАЛ ГРУБИ ВО

23/02/2026
Македонија

ЈСП воведува онлајн надополнување на картичките за превоз

23/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41838
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВО СДСМ СЕ НЕРВОЗНИ ЗАТОА ШТО ГРУБИ МОЖЕ ДА СВЕДОЧИ ПРОТИВ НИВ Тој е симбол

24/02/2026

Добро е што конечно правдата ќе биде задоволена со тоа што Артан Груби е приведен утрово на граничниот премин, тука

НИЕДНА ЗЕМЈА НЕМА БЕСКОНЕЧНО ДА ЧУВА БЕГАЛЕЦ КОЈ Е НА ЦРНАТА ЛИСТА НА САД Груби

24/02/2026

Во Собранието на Македонија немало никаква информација за предавањето на осомничениот бегалец Артан Груби од ДУИ, поранешен вицепремиер, осомничен за

АРТАН ГРУБИ ЌЕ ОДИ ВО КУЌЕН ПРИТВОР Според Обвинителството, ќе бил небезбеден во затворот во

24/02/2026

Поранешниот вицепремиер Артан Груби доби мерка куќен притвор, откако одбраната побара ваква мерка, а Обвинителството се согласи со предлогот. Според

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy