
Несторовски се врати во Хрватска, ќе игра за Славен Белупо!
Несторовски потпиша договор со хрватската екипа до крајот на сезоната, па така повторно ќе настапи во Хрватска каде што претходно го носеше дресот на Интер Запрешиќ.
Екипата од Копривница освои само еден бод по четири одиграни кола во првенството, па се надева дека со Несторовски ќе ја зголеми ефикасноста во нападот.
Македонскиот интернационалец досега во кариерата играше за Палермо, Удинезе, Словачко, Интер Запрешиќ, Асколи и други екипи.