Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Несовесното лекување било систематско, не случајно, велат од обвинителството за случајот „Онкологија“
Македонија

Несовесното лекување било систематско, не случајно, велат од обвинителството за случајот „Онкологија“

05/09/2025

AA

Здравиот има многу желби, а болниот само една – да оздрави. Болните и нивните семејства имале доверба дека ќе добијат соодветна терапија и дека нивното здравје нема да биде загрозено, изјави обвинителката Ана Гоговска Јакимовска во воведниот говор на судењето за случајот „Онкологија“. Случајот се води против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Никола Васев, кој заедно со тројца онколози е обвинет за несовесно лекување пациенти.

Обвинителката најави дека пред судот ќе презентира докази дека првообвинетиот Васев свесно и систематски постапувал спротивно на стандардите, предизвикувајќи сериозни последици по здравјето на пациентите.

„Обвинетиот извршил повеќе исти дејствија кои грубо ги прекршиле светските и европските онколошки упатства. Терапиите се спроведувале без конзилијарна одлука, со несоодветно дозирање, без проценка на перформанс статус и биохемиски параметри на пациентите. Некои терапии биле аплицирани и кога не биле потребни, со што биле штетни и неефективни“, изјави Гоговска Јакимовска.

Таа додаде дека несовесното постапување било овозможено и преку второобвинетата Мери Пешевска, која му овозможила на Васев пристап до системот и финализирање на терапии без соодветна контрола.

„Онколошкото лекување бара исклучително внимание бидејќи грешките можат да имаат фатални последици. Несоодветно дозирање, непочитување на меѓународни упатства и отсуство на конзилијарно одлучување резултирало со сериозни здравствени ризици за пациентите“, нагласи обвинителката.

Судењето се однесува на пациенти кај кои биле применети неподобни терапии, со отстапувања во дозирањето и без соодветна проценка на здравствената состојба, при што се оштетени 29 пациенти.

Покрај тоа, против Васев и поранешниот економски директор на Клиниката е поднесено обвинение за злоупотреба на службена положба и проневера, со штета од над 2,2 милијарди денари за државниот буџет.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Муцунски: Загрижени сме поради последните инциденти со дронови во Романија

26/07/2026
Македонија

Историски случај во Македонија: Жена на 61 година го роди

26/07/2026
Македонија

Во Гостивар првите симптоми се појавиле пет дена порано

26/07/2026
Македонија

„И Здравје и Работа“: Доста е од дезинформации – време

26/07/2026
Македонија

Пронајдени човечки останки кај македонско-албанската граница

26/07/2026
Македонија

Мицкоски: Скопје памети, Македонија не заборава – вечен спомен за

26/07/2026
Македонија

Приведени осум лица – при преглед кај нив е пронајдена

26/07/2026
Македонија

Хорор во скопско село: Ја фатил мајка си низ прозорецот

26/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44677
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Муцунски: Загрижени сме поради последните инциденти со дронови во Романија

26/07/2026

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, изрази сериозна загриженост поради последните инциденти со дронови во Романија и

Историски случај во Македонија: Жена на 61 година го роди своето прво дете

26/07/2026

Македонска двојка на 61 и 71 година за првпат стана родители, откако во болницата „Д-р Органџиски“ успешно била реализирана сложена

Во Гостивар првите симптоми се појавиле пет дена порано

26/07/2026

Стотици жители на Гостивар побарале лекарска помош поради стомачни тегоби неколку дена пред надлежните официјално да прогласат епидемија, покажуваат податоците

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy