Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НЕМА ВЕЌЕ „АКО НЕЈЌЕШ ТИ ЌЕ НАЈДЕМЕ ДРУГ“ – Работници нема, помалку од половина население активно на пазарот
Економија

НЕМА ВЕЌЕ „АКО НЕЈЌЕШ ТИ ЌЕ НАЈДЕМЕ ДРУГ“ – Работници нема, помалку од половина население активно на пазарот

22/03/2023

AA

Голема разлика меѓу работоспособното
население и активното население покажуваат бројките кои ги објавува Државниот
завод за статистика. Податоците говорат дека имаме дури 1.464.493 лица
кои се работоспособни, сепак, од нив само 808 илјади работат или бараат работа,
поточно се активни на пазарот на труд во земајва.

На што се должат овие разлики, дали
ова покажува дека и понатаму имаме висок процент на невработени иако стапката
на невработеност последниве години значително се намали. Дали овие лица се
опфатени во сивата економија, остануваат дома поради грижа за фамилијарен член
кој не е во можност да се грижи сам за себа, или пак станува збор за граѓани
кои работат во странство…

Упатените за Фактор велат дека
придонес кон големите разлики меѓу активното и вкупното работоспособно
население има нашето традиционално општество, каде жените имаат пред се улога
на домаќинки, па голем дел од нив остануваат дома да се грижат за
домаќинствата, за повозрасни лица или пак за деца.


Дел од економистите појаснуваат дека голем
број граѓани остануваат на листата на неактивни баратели и поради социјалната
помош која ја добиваат, нагласувајќи притоа дека дел од нив и покрај помошта,
работат во сивата или неформалната зона и на тој начин имаат повисоки приливи
во семејството. Посочуваат дека овој феномен е поврзан со сивата економија во
општеството, за што алармираат дека државата мора да изнаоѓа механизми за
справување.

Економистот Здравко Савески за Фактор потенцира
дека разликата
меѓу работоспособното и активното население е природна и сама по себе не е
проблематичнo. Укажува оти во категоријата работоспособно население
што нашиот Завод за статистика ја презема од Евростат и МОТ се
вклучени и лица на возраст од 15 до 79 години.

– 
Значи и постари малолетници што се сѐ уште во задолжително средно
образование и луѓе што согласно возраста се и треба да бидат во пензија. Исто
така, нема никаква назнака во статистичката методологија дека и хендикепираните
лица не се водат како дел од работоспособното население.Дополнително на тоа, постојат
домаќинства што можат да си дозволат да работи само еден член на семејството.

Оттука, индикација за сериозен проблем со сиромаштијата, па и со човековите
права би било ако има мала разлика меѓу активното и т.н. работоспособно
население.
При тоа, треба да се има предвид и тоа дека Анкетата на работната
сила го утврдува статусот на вработеност без разлика дали работниците се
формално пријавени или не се пријавени – потенцира Савески.

Бројките
на ДЗС говорат дека од 1.464.493 граѓани кои се водат како работоспособни 209.297
се на возраст од 15 до 24 години, додека пак на 65 години во групата
работоспособно население се опфатени 262.684 лица. Ова покажува дека и понатаму
има над 200 илјади лица кои не се работно активни.

Савески
пак додава дека проблемот со недостигот
на работници во Македонија не треба да се бара со дополнителното ангажирање на неактивни лица.

– 
Тоа би било  дефокусирање од реалните причини за недостигот:
апсолутното губење на легитимноста на државата во очите на нејзините граѓани,
дисбалансот на пазарите на труд во развиените земји, превисокото ниво на
економска активност дури и во земји како Македонија, што подразбира вршење
огромно количество одвишен труд, понатаму висината на платите наспроти висината
на прифитите итн. Но, за жал, нашиот јавен дискурс е доста сиромашен, па овие
причини ретко дури и се допираат – потенцира Савески.

Петранка
Огнаноска

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НАМЕСТО ДА ОБЈАСНИ ЗОШТО БИЛ КАЈ ЗАЕВ, ФИЛИПЧЕ ЗБОРУВАШЕ ДЕКА

13/02/2026
Македонија

ЗОШТО ДОЗВОЛИЛЕ ОДГЛЕДУВАЊЕ КАНАБИС НА ОТВОРЕНО? Филипче жестоко го брани

13/02/2026
Македонија

СО ТРЕНДАФИЛОВ НИ Е ЗАЕДНИЧКО САМО ТОА ШТО НÈ ПРАТАТ

12/02/2026
Македонија

НÈ ЧЕКА ВРНЕЖЛИВ ВИКЕНД И ЗАЛАДУВАЊЕ Продолжува променливото време

12/02/2026
Македонија

Касами: Сè додека Беса учествува во Владата како дел од

12/02/2026
Македонија

БЕСА ГО ОТВОРИ ПАТОТ ЗА СПОЈУВАЊЕ ВО ПАРТИЈА „ВРЕДИ“ Движењето

12/02/2026
Македонија

Година на странски туристи: Туризмот во Македонија со раст од

12/02/2026
Македонија

Дефект на водовод блокираше пат: Свлечиште го отсече селото Татар

12/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41397
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НАМЕСТО ДА ОБЈАСНИ ЗОШТО БИЛ КАЈ ЗАЕВ, ФИЛИПЧЕ ЗБОРУВАШЕ ДЕКА ГО СЛЕДЕЛЕ Петрушевски има 3

13/02/2026

Наместо да објасни зошто по скандалот со запленетата марихуана заминал во Грција на „консултации” кај неговиот ментор Заев, лидерот на

ЗОШТО ДОЗВОЛИЛЕ ОДГЛЕДУВАЊЕ КАНАБИС НА ОТВОРЕНО? Филипче жестоко го брани менторот, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

13/02/2026

Лидерот на СДСМ Венко Филипче да каже зошто со неговиот претходник Зоран Заев дозволиле одгледување на канабис на отворено спротивно

СО ТРЕНДАФИЛОВ НИ Е ЗАЕДНИЧКО САМО ТОА ШТО НÈ ПРАТАТ СЛУЖБИТЕ Филипче има идеја како

12/02/2026

  Лидерот на СДСМ Венко Филипче во интервју за Канал 5 вели дека нема комуникација ниту координација со претседателот на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy