Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НЕМА УСПЕШНА КАРИЕРА БЕЗ ВИСОКА ЕМОЦИОНАЛНА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА: Како да работиме на себе и да ja подобриме?
Економија

НЕМА УСПЕШНА КАРИЕРА БЕЗ ВИСОКА ЕМОЦИОНАЛНА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА: Како да работиме на себе и да ja подобриме?

12/03/2025

AA

Емоционалната интелигенција е клучен фактор за напредок во кариерата, бидејќи ни помага свесно да реагираме, ефективно да комуницираме и да градиме квалитетни односи со колегите и клиентите.

Емоционалната интелигенција е збир на компетенции кои ни помагаат подобро да ги согледаме, разбереме и управуваме со емоциите – кај нас и кај луѓето околу нас. Taa ни помага свесно да реагираме и ефикасно да ги користиме емоциите на работното место. 

„Нашето однесување директно влијае на тоа како се чувствуваат другите, а тоа, за возврат, ја обликува динамиката на нашите релации. Способноста да разбереме и управуваме со сопствените емоции, како и да ги препознаеме и почитуваме емоциите на другите, е подеднакво важна како и интелектот во определувањето на успехот. Истражувањата покажуваат дека луѓето со висока емоционална интелигенција имаат поголеми шанси за унапредување, бидејќи се подобри лидери, полесно се адаптираат на предизвици и создаваат позитивна и продуктивна работна средина. Во свет каде што техничките вештини можат да се научат, но и способноста за градење односи е незаменлива, емоционалната интелигенција станува конкурентска предност“, вели Славица Тасева, сертифициран Genos EI практичар. 

Вели дека емоциите играат клучна улога во донесувањето одлуки, однесувањето и постигнувањата на работното место, директно влијаејќи врз културата на организацијата. Вработените со висока емоционална интелигенција придонесуваат за позитивна работна средина, зголемена посветеност и повисока ангажираност.

„Според GENOS International, водечка меѓународна методологија за емоционална интелигенција на работното место (присутна и во РСМ), таа опфаќа шест клучни компетенции: самосвесност, свесност за другите, автентичност, способност за емоционално расудување, способност за самоуправување и способност за позитивно влијание.  Доколку овие компетенции за емоционална интелигенција се развиени придонесуваат за продуктивни состојби на вработениот и тој е присутен, емпатичен, отворен кон идеи, отпорен на предизвици, поддржувачки и конструктивен. Од друга страна вработен со ниска емоционална интелигенција  е отсутен, нечуствителен, избувлив, рамнодушен и нефлексибилен“, објаснува Тасева. 

Таа додава дека емоционалната интелигенција се учи и може да се развива и подобрува, исто како и секоја друга вештина. Сѐ почнува со самосвесност – препознавање на сопствените емоции и нивното влијание врз нашето однесување. 

„Еден начин да ја зајакнеме е да водиме дневник на емоции, да практикуваме вежби за смирување и да бараме фидбек од другите за нашите реакции и однесување. Следниот чекор е развивање на емпатијата – да слушаме активно, да разбереме различни перспективи и да избегнеме осудување. Ова ни помага да градиме подлабоки и поискрени релации. Комуникацијата е клучна. Кога знаеме како да ги изразиме своите мисли и чувства на јасен и конструктивен начин, без да предизвикаме конфликт, стануваме подобри лидери, колеги и пријатели. Со свесен напор и доследна работа, секој може да ја подобри својата емоционална интелигенција и да постигне поголем успех во кариерата, и во животот“, рече Тасева. 

Професии за кои е потребна висока емоционална интелигенција се психолог, наставник, тренер за личен развој, агент за недвижности, здравствен работник, организатор на настани и други. Во светот се правени и истражувања според кои 80 отсто од успехот во кариерата зависи од емоционалната интелигенција. Во Нов Зеланд е направено истражување кое траело со години во рамки на кое експертите следеле 1.000 деца во нивниот развој и се покажало дека оние со висока емотивна интелигенција имале попозитивно размислување, биле склони да ги признаат грешките и полесно се носеле со негативните емоции. Но, се покажало дека децата со пониска емотивна интелигенција кога ќе станат возрасни се соочуваат со финансиски проблеми, имаат ниски примања, не успеваат да штедат и слично. 

Сања Атанасовска

foto freepik.com

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

350 ДЕЦА ОД МАКЕДОНИЈА ИМААТ ДИЈАБЕТЕС, ВКУПНО ИМА 135.000 ЗАБОЛЕНИ

13/11/2026
Македонија

ИНСТИТУЦИИТЕ МОРА ДА СЕ ОТПОРНИ И ДА ГИ ПРЕЖИВУВААТ ПОЛИТИЧКИТЕ

13/11/2026
Македонија

ОПОЗИЦИСКИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ПРАШАЊА ЌЕ БИДАТ ПОВТОРЕНИ Гаши порача дека за

13/11/2026
Македонија

АВТОМОБИЛ УДРИ 73-ГОДИШНА ЖЕНА НА ВЕЛОСИПЕД Пренесена е во болница

13/11/2026
Македонија

ДА СЕ ЗАБРАНИ „ЏАНК“ ХРАНА ВО УЧИЛИШТАТА, ДА СЕ ОДАНОЧАТ

13/11/2026
Македонија

„ДАЛИ ЗНАЕТЕ КАКО СЕ ЕВИДЕНТИРА КРИВИЧНО ДЕЛО? СО ТЕФТЕР!“ Тошковски

13/11/2026
Македонија

ТРАКТОР СЕ ОТКОЧИЛ И ГО ПРЕГАЗИЛ СОПСТВЕНИКОТ Трагедија на бензинска

13/11/2026
Македонија

НЕ ПОСТОИ ТАКОВ ПРАВОСУДЕН ИСПИТ КОЈШТО ВО ЦЕЛОСТ СЕ ПОЛАГА

13/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46762
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

350 ДЕЦА ОД МАКЕДОНИЈА ИМААТ ДИЈАБЕТЕС, ВКУПНО ИМА 135.000 ЗАБОЛЕНИ Клековски апелира за данок на

13/11/2026

Бројот на заболени од дијабетес се зголемува, а раната дијагноза на дијабетесот, редовното мерење на шеќерот во крвта, редовното земање

ИНСТИТУЦИИТЕ МОРА ДА СЕ ОТПОРНИ И ДА ГИ ПРЕЖИВУВААТ ПОЛИТИЧКИТЕ ПРОМЕНИ Уставниот суд има клучна

13/11/2026

  Уставното судство има клучна улога во заштитата на уставниот поредок, основните права и слободи, како и во воспоставувањето функционален

ОПОЗИЦИСКИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ПРАШАЊА ЌЕ БИДАТ ПОВТОРЕНИ Гаши порача дека за секој проблем може да се

13/11/2026

Собранието ќе ги повтори опозициските прашања во рамки на 130. пленарна седница, се согласиле координаторите на пратеничките групи, соопшти попладнево

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy