Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НЕМА ПЛАТИ ВО „ФАКОМ“: Од денес 550 работници во штрајк
Економија

НЕМА ПЛАТИ ВО „ФАКОМ“: Од денес 550 работници во штрајк

07/03/2025

AA

Од денеска 550 вработени на „Факом“ производство и „Факом“ монтажа се во штрај, бидејќи компанијата, која е најпозната во земјата по изградба на челични конструкции, уште им ја нема исплатено јануарската плата. Шпекулациите се дека структури работат на тоа оваа македонска компанија да ја снајде исто сценарио како градежниот гигант „Бетон“ кој сега е во стечај. 
Претседателот на Синдикатот за индустрија, енергетика и рударство Игор Герасов потврди дека „Факом“ една година се мачи финансиски, но не му е јасно зошто е тоа така, затоа што,како што вели, компанијата има работа и нарачки.
„Моменталната ситуација е многу проблематична. Од овој ден понатака зависи егзистенција на 550 вработени во реномирана компанија која работи 65 години. Не е исплатена јануарска, февруарска плата, К-15 за 2024 и три последователни 13-ти плати
Од непознати причини се работи нерентабилно, а има потпишани договори за работа во наредниоте три години. Ние нема да продолжиме со работа додека не ни се исплатат сите заостанати плати. Обемот на работа не е намален, има нарачки за наредните три години, но за изминатата година е прикажана загуба од 200 милиони денари.
Изминатиот период секојдневно се гледавме со менаџментот и сопственикот, кој вели дека од непознати причини компанијата работела финансиски неликвидно и има 20 и нешто милиони евра долг према комитенти и добавувачи, но тоа прашање треба да го одговори сопственикот. Тој си има негови лица од доверба, а ние се бориме за нашите права
Во изминатата година 100-наши вработени ја напуштија компанијата и отидоа да работат за истата компанија во Италија. Се работи таму за бродоградна индустрија. Најинтересно во оваа ситуација е тоа што материјалот е стигнат за мост во Хрватска од 7,5 милиони евра, работниците се подготвени за работа, но нема да почнат со работа ако не се исплатат платите“, вели Герасов.
Штрајкот денеска беше поддржан и од Слободан Трендафилов, претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија. Тој се сомнева дека „Факом“ може да го снајде истото сценарио како „Бетон“.
„Додека ние се бориме за корка леб, овие работници немаат тука ни за корка леб. Како да се враќа олигархијата на сцена од 90-тите години. Сите тука кои ги гледате сакаат да работат и да заработат, но една структура планира да ја пропадне и оваа компанија како што ја пропаднаа една голема градежна компанија
Просечната возраст на работниците е 56 години кои ја градат Италија и Хрватска.За жал, директорите денес не се со работниците и се кријат. ССМ цврсто застанува зад нив и нема да дозволиме некој да си прави ќеф на грбот на работницит“, предупреди Трендафилов.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Десет години од поплавите во Скопје во кои загинаа 22

06/08/2026
Македонија

Онколошки пациенти денес протестираат пред Министерството за здравство

06/08/2026
Македонија

Драчево со пет потврдени случаи, Скопје и Велес главни жаришта

05/08/2026
Македонија

Чаир се пофали: Добија 20 нови клупи за граѓаните

05/08/2026
Македонија

Граѓаните ќе почекаат до 20 август за резултатите од анализата

05/08/2026
Македонија

Ангелов со апел до сите мајстори: „Доволна е само една

05/08/2026
Македонија

Уапсен 62-годишен маж од делчевско, подолг период и се заканувал

05/08/2026
Македонија

Ограбена канцеларијата на директорот на ЈКП Сарај, украдени пари од

05/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44874
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Десет години од поплавите во Скопје во кои загинаа 22 лица

06/08/2026

Денес се навршуваат десет години од силното невреме што на 6 август 2016 година го погоди скопскиот регион и предизвика

Онколошки пациенти денес протестираат пред Министерството за здравство

06/08/2026

Онколошки пациенти денес симболично ќе протестираат пред Министерството за здравство поради повторливиот недостиг од лекови на Клиниката за онкологија. Поради

Драчево со пет потврдени случаи, Скопје и Велес главни жаришта на западнонилска треска

05/08/2026

Скоро сите регистрирани случаи на западнонилска треска во земјава се лоцирани во Скопскиот регион и Велес, соопшти министерот за здравство

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy