Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НЕМА НАДЕЖ ЗА ПОДОБРИ ПЕРФОРМАНСИ: домашната економија се бори со „институционални кочници“, потребни се структурни реформи
Економија

НЕМА НАДЕЖ ЗА ПОДОБРИ ПЕРФОРМАНСИ: домашната економија се бори со „институционални кочници“, потребни се структурни реформи

18/04/2024

AA

Македонија оваа
година според ММФ треба да ја заврши со раст на економија од 2,7 проценти,
додека следната година со 3,7 отсто, а во 2026 – 3,5 проценти. Бројките говорат
дека нашата земја има меѓу најниските прогнозирани стапки за раст на
економијата. Понизок проектиран раст од соседите има само Грција, која не е
меѓу земјите во развој, туку веќе развиена земја, каде стапките на раст
очекувано се помали со оглед на достигнатото економско ниво.

Бугарија слично
на нас се очекува да има раст од 2,7 отсто, Србија 3,5 проценти, Босна и
Херцеговина според ММФ ќе има раст на економија од 3 отсто, како и Хрватска. Што
се однесува пак до Албанија, таму економскиот раст ќе биде 3,1 проценти, додека
Косово 3,8 и Црна Гора со 3,7 отсто.

Иако Македонија
има најниска проекција, домашните економисти сметаат дека разликите меѓу
земјите од Балканот не наметнуваат голема загриженост. Напротив според нив,
состојбите во земјите на Балканот се слични, поради што разликите може да се
одраз на моментален напредок, но не и драстично разидување.

– Не мислам дека
разликите во регионот се драматично различни по овој основ. Земјите од Западен
Балкан делат слични структурни карактеристики и многу економски политики се
слично поставени. Така што, евентуалните разлики во стапките во последните
извештаи/прогнози на меѓународните финансиски институции се само одраз на
моменталната состојба на економските текови и економските политики и околности
кои се на сцена во тој момент – укажува професорот Марјан Петрески од Американ
колеџ
.

Професорот
појаснува дека моменталните стапки на раст на економијата се одраз на
забавувањето кое е присутно неколку квартали по ред, како последица на
забавувањето кај надворешната трговија и кај инвестициите, а што е
детерминирано главно од кризите низ кои помина Европа, а со тоа и нашата
економија.

– Гледано во
контекст на аспирацијата да имаме раст кој е значајно повисок, 5 отсто и
повеќе, моменталните стапки се и одраз на структурната поставеност на
економијата, во која според мене моментално доминира неефикасноста на
институционалниот поредок кој е кочница на растот низ една среднорочна
перспектива.

Додека
краткорочно, изборите може да извршат одредено влијание врз забавување на некои
економски текови, но не мислам дека се клучна детерминанта на растот кој се
проектира за годинава – појаснува Петрески.

Меѓу препораките
на ММФ за подобрување на домашната економија е подобра наплата на акцизите и
даноците, но и воведување данок на загадување.

Сепак, нашиот
соговорник потенцира дека земајта не е подготвена за раст на даноците, истакнувајќи
дека се соочуваме со голема стапка на неформална економија.

– Генерално, не сме
подготвени за поголеми даноци на доход и/или потрошувачка, бидејќи се соочуваме
со многу голема сива економија. Без да се реши сивата економија барем во
одреден обем, повисоки даноци на формалната економија само ќе до-мотивираат
деформализација на одредени економски текови.
Значи, да, на земјава и требаат
повисоки даноци и даноци со одредена прогресија, меѓутоа тоа е тема за следните
5-10 години, откако ќе се решат другите системски проблеми како што е сивата
економија. Во делот на даноците сврзани со јаглеродните емисии, тоа е друга
тема и таму има простор да се делува
со цел побрза енергетска транзиција и
посилна и побрза заштита на животната средина – појаснува професорот.

Петрески за
Фактор укажува дека нема голем оптимизам за подобри резултати на нашата
економија, што посочува е резултат на моменталните расположливи ресурси.

– Не сум голем
оптимист. Очекувам дека годинава ќе ја завршиме со стапка меѓу 2 и 3 отсто, што
секако не е задоволително, но е одраз на моменталниот контекст. За осетно
зголемување на овие стапки на раст, потребна ни е решителна посветеност и
конзистентност на структурни реформи, особено во делот на непристрастното и
ефективно работење на институциите во функција на тој раст.
Ниту една
структурна реформа не дава резултати преку ноќ, но важно е да се почне сега, за
да дојдеме до поповолни исходи на некој среден рок. Според мене, клучно ќе како
новата влада ќе се зафати со реформските процеси – заклучува професорот.

П.О.

Фото: Принтскрин/Фејсбук

Насловна фотографија: Headway on Unsplash

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРОБЛЕМОТ СО СОФИЈА ЌЕ СЕ РЕШИ АКО 5-6 ГОЛЕМИ ЧЛЕНКИ

13/10/2026
Македонија

„РОЗОВ ПУЛС ЗА БИТОЛА“ Грижа, поддршка и солидарност со жените

13/10/2026
Македонија

ФРАПАНТНО И НЕВИДЕНО Е ОДНЕСУВАЊЕТО НА БУГАРИЈА ЗА СЛУЧАЈОТ СО

13/10/2026
Македонија

СИЛЕН СЕВЕРЕН ВЕТЕР ЌЕ ДОНЕСЕ СТУД Променливо облачно и постудено

13/10/2026
Македонија

НИКОЛОСКИ ОЧЕКУВА СОФИЈА ДА ЈА ИСПОРАЧА МИХАИЛОВА Најголемиот проблем е

13/10/2026
Македонија

РАБОТОДАВЕЦОТ НА ЗАГИНАТИОТ ДУРМИШИ БАРА ПРАВДА „Михаилова мора да одговара

13/10/2026
Македонија

АЗИЗИ, ПЕЛИВАНОВ, РАИЧЕВИЌ, ХАЏИ ВАСИЛЕВА И ЦВЕТАНОВСКИ ВО ТРКА ЗА

13/10/2026
Македонија

ОД БРЕМЕНОСТА ДО ПРВИТЕ ЧЕКОРИ НА БЕБЕТО „Матрона“ и dm

13/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46150
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРОБЛЕМОТ СО СОФИЈА ЌЕ СЕ РЕШИ АКО 5-6 ГОЛЕМИ ЧЛЕНКИ ПОСАКАТ ПРОШИРУВАЊЕ НА ЕУ Во

13/10/2026

Доколку се врати апетитот за проширување во 5 до 6 поголеми земји членки на Европската Унија, прашањето со Бугарија нема

„РОЗОВ ПУЛС ЗА БИТОЛА“ Грижа, поддршка и солидарност со жените што се соочуваат со рак

13/10/2026

  Во Офицерскиот дом во Битола вечерва се одржа настан „Розов пулс за Битола“ со цел подигнување на свеста за

ФРАПАНТНО И НЕВИДЕНО Е ОДНЕСУВАЊЕТО НА БУГАРИЈА ЗА СЛУЧАЈОТ СО МИХАИЛОВА Истрагата ќе открие како

13/10/2026

Обвинетата Ива Михаилова, која викендов се појави на медиумите во Бугарија, нелегално ја напуштила државата, а истрагата ќе покаже како

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy