Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „НЕМА ДА ДОЗВОЛАМ ЗЕМЈОДЕЛЦИ – ФАНТОМИ ДА СЕ БОГАТАТ НА ГРБОТ НА ДРЖАВАТА“: Трипуновски со остра реакција
Економија

„НЕМА ДА ДОЗВОЛАМ ЗЕМЈОДЕЛЦИ – ФАНТОМИ ДА СЕ БОГАТАТ НА ГРБОТ НА ДРЖАВАТА“: Трипуновски со остра реакција

09/03/2025

AA

– Земјишната политика е клучен елемент во делот ако сакаме да го враќаме производството таму каде што некогаш бевме. Мојата обврска во првите месеци е ревизија на се она што е поделено како земјоделско земјиште – истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во гостување во емисијата „Аграр“.

Потоа објасни, дека сакаат да проверат дали земјоделското земјиште во државна сопственост се работи согласно за тоа што било побарано да биде користено.

Министерот Трипуновски додаде дека се спроведува акција во делот на контролата на големите корисници, односно кај големите површини кои што се дадени на одредени правни субјекти. За почеток имаше два правни субјекти кои што бесправно го користеле земјоделското земјиште, а од друга страна користеле и субвенции.

– Оваа контрола ќе продолжи во наредниот период. Контролата ќе значи ослободување на земјоделското земјиште и истото ќе биде доделено на вистинските земјоделци – нагласи тој.

Министерот посочи дека нема да дозволи земјоделци фантоми да профитираат на грбот на државата.

– Минатата година завршивме Јавен повик кој што беше објавен во времето на техничка Влада и поделивме 967 договори. Додека пак пред месец и половина, за време на новогодишните празници течеа Јавни повици кои што беа на барање на земјоделците. Јавните повици завршија, Комисиите работат и крајниот рок е некаде средина на месецот да бидат изработени сите апликации. Пристигнати се над 2.000 апликации – појасни министерот Трипуновски.

Тој додаде дека наредната фаза на распределба на земјиште ќе биде со оглас, со точно дефинирани парцели. Тогаш ќе има парцели не помали од 10 хектари, бидејќи потребно е да се размислува и на окрупнување на земјиштето.

Фото: Принтскрин/Фејсбук

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Уапсено уште едно лице откако полиција пронашла повредено куче од

12/04/2026
Македонија

РАЗОТКРИЕН СЛУЧАЈ СО БОРБИ СО КУЧИЊА ВО ТЕТОВСКО Нашле куче

12/04/2026
Македонија

Малолетник со нож повредил друг малолетник пред игротека во Шуто

12/04/2026
Македонија

ПЕТАР: Случајот со Ивана и Катја е аларм за длабока

12/04/2026
Македонија

СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ВО ТИКВЕШИЈАТА Пријавени напади од сопруг и од

12/04/2026
Македонија

Тројца мажи од Македонска Каменица приведени, пијани се испотепале во

12/04/2026
Македонија

Тракторист од Стиник тешко повреден при работа во пластеник во

12/04/2026
Македонија

СО МЕЃУСЕБНА ПОЧИТ ДА ЈА ГРАДИМЕ ДРЖАВАТА КАКВА ШТО ЈА

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42407
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Уапсено уште едно лице откако полиција пронашла повредено куче од борби во Камењане

12/04/2026

На 11.04.2026 во 15:00 часот, полициски службеници од Полициското одделение Камењане, во атарот на с. Камењане на местото викано „Бунариште“,

РАЗОТКРИЕН СЛУЧАЈ СО БОРБИ СО КУЧИЊА ВО ТЕТОВСКО Нашле куче во „голф“, уапсени тројца, па

12/04/2026

Маж од село Камењане е лишен од слобода поради сомнение за вмешаност во борби со кучиња. Претходно, на локалниот пат

Малолетник со нож повредил друг малолетник пред игротека во Шуто Оризари па се пријавил во

12/04/2026

На 12.04.2026 во 01:20 часот во Полициска станица Шуто Оризари, сам се пријави малолетник од Шуто Оризари, кој на 11.04.2026

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy