Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Не сообраќа единствениот воз на релација Битола-Прилеп-Велес-Скопје, причината запалени прагови
Македонија

Не сообраќа единствениот воз на релација Битола-Прилеп-Велес-Скопје, причината запалени прагови

07/11/2023

AA

Запалени прагови на пруга помеѓу Слепче и Браилово повторно го прекинаа сообраќањето на единствениот воз на релацијата Битола-Прилеп- Велес-Скопје.

Патниците од Велес утрово на Железничката станица во Велес беа разочарани што не можат да се качат на единстевниот воз што доаѓа од Битола преку Прилеп и Велес за Скопје, а кој по возен ред во Велес поаѓа во 5:46 часот.

Како што информираа за МИА од Железничката станица во Велес, причина било запалено стрниште покрај пругата кое се проширило и запалило и прагови на пругата, поради што железничкиот сообраќај е во прекин. Се работи на повторно оспособување на пругата.

Според информацијата од Центраот за управување со кризи вчера попладне била запалена ниска вегетација по што се запалиле и прагови на пругата помеѓу селата Слепче и Браилово, прилепско.Со брза и ефикасна интервениција на пожарникарите од ТППЕ Прилеп пожарот синоќа бил изгаснат.

Ова е трето онеспособување на пругата на релација кај селото Браилово поради изгорени прагови, а поради третпат за месец и половина во прекин е возот на релација Битола-Прилеп-Велес-Скопје и обратно.Првиот прекин односно илјади изгорени прагови на пругата кај Браилово прилепско имаше на 25 септември,а поради што 8 дена возот беше во прекин. Вториот пожар на стрниште по што беа зафатени околу 200 прагови на пругата кај Браилово Прилепско беше на 12 октомври и неколку дена возот повторно беше во прекин.

Воедно, од 25 октомври со одлука на МЖ Транспорт наместо три сообраќа само еден воз на релација Битола-Прилеп-Велес-Скопје и обратно. По денешното повторно горење на прагови на пругата во прилепско сега во прекин е единствениот патнички воз на оваа релација.

Поради негово несообраќање денеска патниците од Велес, во голем број работници, ученици и студенти кои патуваат за Скопје, наместо со битолскиот во 5.46 часот мораа да чекаат 40- тина минути и за Скопје заминаа со возот од Гевгелија кој во Велес поаѓа и дојде навреме во 6.27 минути. Многумина од нив, а кои имаат и месечни карти за воз, денеска задоцнија на работа и училиште.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

2 И ПОЛ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ВРАБОТЕНАТА ВО МРВ ШТО

30/09/2026
Македонија

ОДБРАНАТА ПОВИКА 244 СВЕДОЦИ НА СУДЕЊЕТО ЗА „ПУЛС“ Газда Деко

30/09/2026
Македонија

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА ОПЕРАЦИЈА ВО ПРИЛЕП Претреси на околу 30 локации,

30/09/2026
Македонија

ДАЛИ САМУИЛ И САМУЛИОВАТА ДРЖАВА БИЛЕ БУГАРСКИ (1) Комитопулот на

30/09/2026
Македонија

ДАЛИ ВЕНКО ФИЛИПЧЕ ИМА ТАЕН ДОГОВОР СО БУГАРИЈА ЗА НОВО

30/09/2026
Македонија

НЕМА НАУЧНА ПОТВРДА ДЕКА МОШТИТЕ СЕ НА ЦАР САМОИЛ Бугарија

30/09/2026
Македонија

БОБИ ХРИСТОВ ПРОГЛАСЕН ЗА ТЕХНОЛОШКИ ВИШОК ВО ТЕЛМА Телевизијата најавува

29/09/2026
Македонија

УТРАТА СЕ СПУШТААТ КОН НУЛА, A ПРЕКУ ДЕН ДО 27

29/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45883
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

2 И ПОЛ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ВРАБОТЕНАТА ВО МРВ ШТО ФАЛСИФИКУВАЛА ВОЗАЧКИ ДОЗВОЛИ ЗА КАМИОНИ

30/09/2026

Две и пол години затвор доби вработената во Министерството за внатрешни работи која е обвинета за фалсификување на возачки дозволи,

ОДБРАНАТА ПОВИКА 244 СВЕДОЦИ НА СУДЕЊЕТО ЗА „ПУЛС“ Газда Деко на 3 октомври излегува од

30/09/2026

Вкупно 244 сведоци повикале адвокатите на 34 обвиети физички и 3 правни лица за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани,

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА ОПЕРАЦИЈА ВО ПРИЛЕП Претреси на околу 30 локации, под лупа и полицајци

30/09/2026

Прилеп од рано утрово е под засилено полициско присуство. Специјални единици и униформирани полициски службеници се распоредени на терен, а

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy