Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НЕ СЕ СРЕТНА СО ВУЧИЌ: Курти има три услови
Регион

НЕ СЕ СРЕТНА СО ВУЧИЌ: Курти има три услови

26/06/2024

AA

Косовскиот премиер Албин Курти поставил три услови за средба со српскиот претседател Александар Вучиќ. 

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел изјави дека денеска Косово не било подготвено за трилатерална средба и дека поставило три услови за тоа да се случи, а од друга страна Србија била подготвена за средбата, јави дописникот на МИА од Белград.

Борел изјави дека Курти побарал „формализација на основниот договор, да се отфрли писмото во кое поранешната премиерка на Србија, Ана Брнабиќ, кон средината на декември минатата година изрази резервираност кои се однесуваат на обврските кои произлегуваат од договорот за патот кон нормализација на односите со Република Косово, вклучително и анексот за спроведување и Милан Радоичиќ да им се предаде на правосудните органи во Приштина“.

„Србија не беше подготвена целосно да ги исполни барањата на Косово, повикувајќи се на уставните ограничувања“, рече Борел. 

Српските власти се спремни да разговараат за компромис со Приштина. 

Вучиќ изјави дека во Брисел имал соодветни билатерални средби со високиот претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедност, Жозеп Борел и специјалниот пратеник на ЕУ, Мирослав Лајчак, но дека немало билатерална средба со косовскиот премиер Албин Курти, бидејќи Курти не сакал да се сретне со него.

„Коректна средба со Борел и Лајчак. Втор состанок немало со Курти, бидејќи Курти не сакал или не смеел да се сретне. Три пати се враќав на состанокот, ми ги пренесоа неговите пораки, па јас одговорив“, изјави Вучиќ пред новинарите во Брисел.

На прашањето што е спорно, зошто премиерот на Косово ја одби билатералната средба, Вучиќ одговори: „Ништо, не сака човекот да ме види“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВЛЕН: ДУИ шири интриги и кодоши, меѓуалбанските односи не смеат

09/07/2026
Македонија

Албанската полиција: Тројцата функционери на ВЛЕН не биле спречени да

09/07/2026
Македонија

ФОТО Народниот правобранител влезе во затворот „Шутка“

09/07/2026
Македонија

„Приказната за Силјан“ со две номинации за наградите „Еми“

09/07/2026
Македонија

Четири лица уапсени, вкупно седум пријави за семејно насилство во

09/07/2026
Македонија

Собраниската комисија даде „зелено светло“ за новиот пакет закони за

09/07/2026
Македонија

Полицаец од Чашка „пукал од ќеф“ на свадба, па си

09/07/2026
Македонија

Се бараат статисти на „Галичка свадба 2026“ – еве ги

09/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44288
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВЛЕН: ДУИ шири интриги и кодоши, меѓуалбанските односи не смеат да бидат заложник на политичка

09/07/2026

По денешниот состанокот на централното раководство, ВЛЕН јасно порачува: односите со Албанија, институционалната комуникација и меѓуалбанската соработка не смеат да

Албанската полиција: Тројцата функционери на ВЛЕН не биле спречени да влезат, пречка имало за четврто

09/07/2026

Албанските власти појаснија дека тројцата функционери на ВЛЕН не биле спречени да влезат во Република Албанија, туку дека забраната се

ФОТО Народниот правобранител влезе во затворот „Шутка“

09/07/2026

Народниот правобранител Фатон Сељами денеска влезе во Казнено-поправната установа Затвор „Скопје“ во Шуто Оризари, каде се сретна со раководството на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy