Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „НЕ БИДТЕ СЛЕПИ, ГЛУВИ И НЕМИ“: ВРАБОТЕНИТЕ ОД ЕУРОНИКЕЛ ПОВТОРНО ПРОЕСТИРАА: Од понеделник доаѓаат во Скопје
Економија

„НЕ БИДТЕ СЛЕПИ, ГЛУВИ И НЕМИ“: ВРАБОТЕНИТЕ ОД ЕУРОНИКЕЛ ПОВТОРНО ПРОЕСТИРАА: Од понеделник доаѓаат во Скопје

01/12/2023

AA

Нема да дозволиме фабриката по 40 години да згасне како старо железо, се вели во отвореното писмо, кое денеска го испратија од синдикалната организација на „Еуроникел индустри”, до премиерот Димитар Ковачевски, вицепремиерот Фатмир Битиќи, Сања Лукаревска, директор на Управа за јавни приходи и до Митко Јанчев, градоначалник на Општина Кавадарци.

– Седми ден откако стоиме надвор на патот и бараме да ги исполните вашите законски обврски, да го вратите ДДВ-то за месец август чие плаќање го доцните повеќе од месец дена, а сега веќе и септемвриското ДДВ стигна за враќање. Ние веќе немаме здраствено осигурување. Наши колеги не можат да си препишат редовна терапија, операции на наши деца не можат да се извршат заради немање здраствено осигурување, наши колешки не можат да го остварат правото на породилно отсуство – се вели во писмото испратено и до медиумите.

Оттаму информираат дека денеска  повторно ќе бидат на блокада на патот Градско-Прилеп.

– Но следната недела ќе дојдеме во Скопје пред Влада, можеби тогаш ќе го слушнете нашиот глас. Ние нема да се откажеме, тоа се наши пати, наша егзистенција. Нема да се откажеме од нашата фабрика, работеше 40 години и натаму ќе работи – порачуваат тие.

Од Синдикатот нагласуваат дека не бараат милостина. 

– Бараме да се исплати ДДВ-то што и се должи на фирмата и што сте должни по закон да го исплатите, за да може вработените да земат плата, да добијат здраствено осигурување. Покажете доблест и грижа за нас, вашите граѓани. Ние сме ваша одговорност како граѓани, не разбираме која е целта и намерата за намерно држење на средства кои за нас се единствен извор на егзистенција. Со години го полневме државниот буџет, не заслужуваме ваков однос. Не бидете слепи, глуви и неми на нашите барања – порачуваат од Синдикатот. 

Како што објави Фактор, се шпекулира дека ИГМ Трејд макар и времено би можела да биде покровител за спас односно за одржување во живот на гигантот „Еуроникел индустри“ (поранешниот ФЕНИ). Добро упатени извори посочуваат дека банката најголем доверител преговара за ФЕНИ со сопственикот на ИГМ Трејд – една од најголемите и најуспешни македонски компании. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Шабан Салиу доби нова функција во Влада и плата над

20/08/2026
Македонија

Ибвинителството денеска ќе ја соопшти одлуката за истрагата за 19-те

20/08/2026
Македонија

Пожар кај Никуштак детектиран со смарт-камерите на ЦУК

20/08/2026
Македонија

Од патарина до крај на јуни инкасирани над 31 милион

20/08/2026
Македонија

Повторно лажни СМС испратени од МВР: Никако да не се

19/08/2026
Македонија

МВР: Започна примената на системот и за странските возила на

19/08/2026
Македонија

Телевизиите во Македонија најважните спортски натпревари ќе мора да ги

19/08/2026
Македонија

„Кога гори македонска земја, нема граници“: Хероите на градот тргнаа

19/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45129
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Шабан Салиу доби нова функција во Влада и плата над 100.000 денари

20/08/2026

Поранешниот министер без ресор, задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите, по разрешувањето од министерската фотелја

Ибвинителството денеска ќе ја соопшти одлуката за истрагата за 19-те модуларни болници

20/08/2026

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска ќе одржи брифинг во врска со одлуката поврзана со

Пожар кај Никуштак детектиран со смарт-камерите на ЦУК

20/08/2026

Системот за рана детекција на шумски пожари со смарт-камери на Центарот за управување со кризи (ЦУК) навреме детектирал пожар во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy