Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НЕ БАРААТ, НИТУ САКААТ ДА НАЈДАТ РАБОТА – зошто толку многу граѓани остануваат неактивни на пазарот на труд
Економија

НЕ БАРААТ, НИТУ САКААТ ДА НАЈДАТ РАБОТА – зошто толку многу граѓани остануваат неактивни на пазарот на труд

21/03/2024

AA

Дали стапката за
невработеност е доволен показател за активноста на мнозинството граѓани на
пазарот на труд во земјава. Последните податоци кои ги објави Државниот завод за
статистика покажуваат дека минатата година сме имале 13,1 отсто невработеност
во земјава.

Иако податоците
од Агенцијата за вработување покажуваат
дека има раст на невработените, поточно на лицата кои бараат работа во последниве три месеци, бројките на статистичарите укажуваат дека не само
што имаме лица кои бараат, а тешко доаѓаат до работа, има и голем број
сограѓани кои воопшто и не работат, но ниту пак бараат работа. Дали тоа се
должи на фамилијарните услови, на неможноста да најдат работа, на лошите
работни услови низ кои поминале, или други фактори треба дополнително да се анализира.

Она што покажуваат бројките на ДЗС е дека во домашната
економија се вклучени мал број сограѓани, во споредба со вкупниот број на
граѓани.

Па така, ако се погледнат податоците на Државниот завод за статистика, ќе се
види дека меѓу граѓаните кои се на возраст од 20 години, па се до 64, кога е
границата за пензионирање има 1.095.787 граѓани кои се работоспособни. Притоа
од таа бројка, активни на пазарот на труд се само 777.050 граѓани.

Од нив вработени
се 676.462 лица, додека пак невработени се 100.588 невработени.  

Останатите,
односно разликата меѓу работоспособни и активни на пазарот се неактивните
граѓани, кои достигнуваат до високи 318.737 граѓани.

Бројките
покажуваат уште поголем број граѓани во категоријата неактивни, доколу се земат
другите категории кои статистичарите ги пресметале. Имено во најновата анализа
за активност на граѓаните, издвоени се повеќе категориии со кои се дефинираат
бројките на вработени и невработени граѓани во земјава.

Па така, ако се
поголеднат податоците за вработеност на граѓаните на возраст од 15 години, па
се до границата за пензионирање, или поточно 64 години, тогаш во категоријата
работоспособни влегуваа 1.198.386 лица, од кои 783.444 се активнина пазарот на
труд. Од оние кои се вклучени на пазарот на труд, вработени се 680.174 граѓани,
ддоека невработени се 103.270 лица. Но, бројот на неактивни во овој случај е
многу поголем и достигнува дури 414.942 лица. Растот на неактивните граѓани
може да се каже дека е очекуван, со оглед на фактот дека во Македонија до 18
години младите се уште се опфатени во образовните програми, поточно се уште се
на возраст кога се посетува средното училиште, па најголем дел на лицата од 15
до 18 години се во некоја училишна установа.

За да бидат
појасни работите, ДЗС објавува податоци и за лицата од 15 до 24 години, кога
голем дел од младите или се во средно училиште, или пак, на факултет. Тука
бројките откриваат дека на оваа возраст имаме 208.950 лица, од кои само 56.203
лица се активни на пазарот на труд, од кои 39.719 се вработени, додека 16.484
се невработени. Меѓу младите, најголемиот дел, или 152.747 лица се неактивни, односно
не работат, ниту пак бараат работа.

Податоците на
статистичарите откриваат дека бројот на неактивни граѓани во земајва е
значително поголема ако се земат предвид граѓани на возраст од 15 па се до 89
години, која всушност и е вообичаена група за анализа. Тука неактивни се дури 723.459
граѓани. Притоа вкупниот број на работоспособни меѓу нив достигнува 1.515.107
граѓани, а од нив само 791.647 се активни на пазарот на труд. Притоа вработени
се 688.296 лица, додека невработени 103.351 граѓани
.  

Подетални
податоци за разликите меѓу враобтените и невработените, но и оние кои воопшто
не бараат работа може да ја видите во следната табела:

Податоците
говорат дека и понатаму поголем дел од неактивните лица на пазарот на труд се
жените. Фактот дека поголем дел од жените остануваат дома, наместо да работат
не е новина, а најчеста причина за отсуство од пазарот на труд се патријахалните
вреднувања во домот, потребата да се грижат за деца или пак за повозрасни
членови од семејството.

Бројките говорат
дека од вкупно работоспособни жени во нашата земја, кои достигнуваат 770
илјади, неактивни на пазарот се дури 440.453 жени. Но, бројките покажуваат дека
на возраст од 20 до 64 години од 547.343 работоспособни жени, 222.344 се
неактивни.
Голем дел од жените кои се опфатени во вкупниот број на работоспособени
жени, се и оние на возраст над 65 години, од кои голем дел очекувано се во
пензија. Во оваа категорија спаѓаат 172.782 жени, од кои 2.708 се вработени,
додека 170.073 неактивни.

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска неодамна
укажа дека поголемото учество на жените во претприемаштвото може да го зголеми глобалниотт
економски раст од 5 до 6 трилиони долари. Истакна дека поголемата вклученост на
жените во општеството носи бројни придобивки, но дополни оти има многу
предизвици, имајќи предвид дека учеството на жените во работната сила е само
околу 43 отсто (на мажите околу 62 проценти), што покажува голем неискористен
потенцијал.

– 
Глобалниот извештај за родов јаз од 2023 година покажува дека од 146 земји,
ние сме рангирани на 108 место, кога станува збор за економското учество и
можностите на жените. Според овој извештај, учеството на компаниите со жени на
лидерската позиција е околу 20 отсто, а сличен е и процентот на компаниите во
чијашто сопственичка структура преовладуваат жените. И во финансискиот сектор
податоците не се задоволителни
. На пример, кај банките само 31 процент од
вкупниот број членови на УО и НО се жени, а кај дел од банките воопшто нема
жени во раководните органи на банката – посочи гувернерката.

Бројките исто
така покажуваат дека и понатаму најголем дел од вработените граѓани се опфатени
во преработувачката индустрија и во трговијата на големо и мало. Имено во
преработувачката индустрија опфатени се дури 134.462 граѓани, додека во
категоријата Трговија на големо и мало 105.666 лица.

П.О.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Демографско самоубивање: Машките желки го истребуваат женскиот пол на островот

02/05/2026
Македонија

Приведени 14 лица за безобѕирно управување на возило, седум под

02/05/2026
Македонија

Првомајски хорор: Уапсени 5 лица за семејно насилство, меѓу нив

02/05/2026
Македонија

Државјанин од Чешка останал дефект во демиркаписко, побарал помош за

02/05/2026
Македонија

Клиничката болница во Тетово ќе биде целосно реконструирана, проект вреден

02/05/2026
Македонија

24-годишник од Кичево со нож пред кафеана нападнал сограѓани!

02/05/2026
Македонија

Пронајден починат маж во стан во Охрид

02/05/2026
Македонија

(НЕ)БЕЗБЕДНО ДЕТСТВО: 604 деца биле жртви на сексуална злоупотреба, најмалите

02/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43024
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Демографско самоубивање: Машките желки го истребуваат женскиот пол на островот Голем Град

02/05/2026

Меѓународен тим на научници документираше прв случај во светот на природно „демографско самоубиство“ кај популација на копнени желки. Овој феномен

Приведени 14 лица за безобѕирно управување на возило, седум под алкохол, еден малолетник без возачка

02/05/2026

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 14 возачи за безобѕирно управување

Првомајски хорор: Уапсени 5 лица за семејно насилство, меѓу нив и лице од Словенија!

02/05/2026

На 01.05.2026 во 21:00 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.С.(35) од Куманово затоа што физички

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy